Нема да ви се верува колку потрошила снаата на Брена за само два дена во Турција
Пријовиќ помина одлично во Истанбул
Познатата пејачка беше два дена во убавиот турски град, но овој пат без сопругот Филип и синот Александар. Но затоа таа имаше доволно време квалитетно да му се посвети на шопингот, па како што пренесуваат српските медиум, само на облека потрошила неколку илјади евра.
Александра се почести со чанта од 2500 евра, а купи вредни подароци и за семејството.
Како што пренесе Курир.рс, снаата на Цеца була сместена во еден од најскапите хотели во Истанбул каде едно ноќевање чини преку 1000 евра
Таа само за два дена потрошила преку 10.000 евра.
Инаку Пријовиќ, неодамна во интервју за Глорија зборуваше отворено за тоа како се снајде во улога на мајка. Таа ужива во мајчинството, но и е свесна дека првото дете го родила релативно млада, па не мора да брза за да го прошири семејството. Таа ќе го послуша советот од докторот да забремени повторно по две години по тешкото породување со царски рез.
„Нема да дозволам да останеме само на едно дете. Сакам да имаме големо семејство бидејќи мене тоа ми недостигаше. Јас немав брат или сестра. Би сакала прво да добиеме ќерка, а потоа уште еден син“ изјави таа.