Нема да ви се верува колку плаќаат жените да имаат усни како на КАРЛЕУША – најнов тренд во светот на модата и убавината
И познатата дива не можеше да му одолее на овој тренд
Пејачката не се откажа од новиот тренд меѓи припадничките на понежниот пол со кој деновиве се пожали на Инстаграм
Во прашање се таканаречените „руски усни“ кои Карлеуша ги направи во еден салон во Белград, а се хит во целиот свет.
Со третманот се постигнува пополни и природен изглед на усните и токму заради тоа е и се повеќе актуелен меѓу жените.
Усните не делуваат вештачки, а се подигнати и дефинирани, со облик на срце, со малку волумен во средината, со што потсетуваат на руските кукли.
Од тука и терминот руски усни, а техниката се разликува и естетски од класичниот третман за вбризгување на хијалурон во усните.
И додека во повеќето европски земји овој третман чини околу 1500 евра, во Белград истиот Јелена Карлеуша наводно го направила за само 220.
Зафатот трае околу 30 минути, под локален анестетик, и не е болен, но сепак е непријатен, пишуваат медиумите.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша