Нема да ви се верува колку пари ќе заработи Цеца во МАКЕДОНИЈА – и тоа со само неколку песни
Цеца ќе настапи пред најбогатите Роми од целиот свет
Најголемата ѕвезда на Балканот, Светлана Цеца Ражнатовиќ, ќе настапи во Скопје на Светскиот Ромски бал, на 18 јануари.
Цеца ќе настапи заедно со нејзината колешка Теа Таировиќ, а плакатите за настанот веќе се изработени.
Како што пренесуваат медиумите во регионот, станува збор за гламурозна и една од најпосетените и најпознатите ромски манифестации во цела Европа, а пејачките за овој ангажман ќе добијат баснословна сума на пари. Според извор на српскиот „Блиц“, Цеца ќе добие 70.000 евра, а голема сума на пари ќе добие и Теа Таировиќ која неодамна имаше концерт во Скопје.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Инаку, Светскиот ромски бал ќе се одржи по 44-ти пат, а истиот ќе биде во Александар Палас кога се очекуваат гости од цела Европа.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Покрај Цеца и Теа ќе настапат и многу други познати музичари меѓу кои и Мухарем Сербезовски, Таркан, Џефрина…
Настанот за прв пат го организираше починатиот пратеник и претседател на Сојузот на Ромите во Македонија, Амди Бајрам.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Оваа година водители на настанот ќе бидат Лила Филиповска и Даниел Петровски кои веќе истиот го најавија на социјалните мрежи.