Нема да ви се верува колку ослабна оваа девојка од „Ѕвездите на Гранд“ – Карлеуша во шок, изгледа преполовено во споредба со првиот пат

Ивана привлече внимание минатата сезона, кога се појави во фустан кој изгледаше како да е направен од храна.

Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ

Таа тогаш имаше многу повеќе килограми, но токму затоа сега многумина беа изненадени од неа

„Не те препознав! Колку е добро кога женско ќе ослабне, кога ќе води сметка да не крка мрсно..“ изјави Карлеуша.

Во прашање е кандидатката Ивана Богичевиќ (21) која оваа сезона е во тимот на Ана Бекута. Таа повторно се појави во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ и овој пат помина директно во следниот круг.

„Погледнете само колку ослабна, Дали се сеќавате на неа?“ ги запраша своите колеги гордо Ана Бекута.

Фото: Принтскрин/ Гранд продукција

Сите членовите на жирито беа видно изненадени кога младата девојка застана пред нив на сцената. Таа е драстично ослабната, но и потполно го променила имиџот. Ја испеа песната на Северина „Имаш право“, па потоа и хитот од Карлеуша „Тукушто оставена“, а Јелена за време додека таа ја изведуваше песната кажа дека подобра изведба на нејзиниот познат хит не слушнала досега.

Фото: Принтскрин/ Гранд продукција

„Како да не! Јас најдобро се сеќавам на неа, бидејќи доаѓаше на аудициите толку напорно и да ти кажам нешто Ана, кога и да дојдеше толку многу фалшираше! Јас се прашував дали да ја пуштам во натпреварот… Но за овие две сезони току напредуваше… Мислам дека кај неа има најголемо напреднување досега, кога ќе ги земеме сите кандидати во предвид“, изјави Саша Поповиќ.

Фото: Принтскрин/ Гранд продукција

„Ти честитам на тоа што помина, но и на губењето килограми! Колку е добро кога жена ќе ослабне, кога води сметка, а не да крка само мрсно… Тоа е културно, кога некој ќе ослабне убаво, тоа е супер. Без разлика што не си мој кандидат, морам да ти кажам дека вежбањето ти се исплатило досега. Јас до сега, седам тука 5 години, и подобра изведба на песната „Тукушто освоена“, не сум слушната. Ете.“, изјави Јелена Карлеуша по нејзиниот генијален настап.

Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ

Погледнете како таа изгледаше порано…

Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ
Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ
Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ
Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ

А како изгледа сега…

Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ
Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ
Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ
Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ
Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ
Фото: Инстаграм/ Ивана Богичевиќ

Извор: Телеграф.рс, Гламур

Facebook Comments
(Visited 99 times, 1 visits today)