Нема да ви се верува, ама оваа необична девојка вели дека НЕ и треба храна – живее од воздух и течности, а полна е со енергија!

Таа е убедена дека тоа што го прави е исправно

Одра Бер (25) вели дека практикува бретаријанизам, што значи дека енергијата ја добива исклучиво преку специјална техника на дишење, течности и вежбање.

ADVERTISEMENT

Девојката избегнува цврста храна и вели дека најдолгиот пост во животот и траел 97 дена. Таа изгледа одлично и вели дека нејзиното здравје е совршено.

Одра на своето тело му дава енергија преку специфични вежби со дишење. Оваа техника во Америка стана популарна во 80-тите години на минатиот век. Но многумина веруваат дека ваквиот стил на живот носи многу ризици, а недостасуваат и научни докази кои би потврдиле дека бретаријанизмот е користен за здравјето на човекот.

Одра пред да почне да ја практикува оваа техника била вегетаријанка. Таа објаснува дека со правилно дишење во времетраење од 45 минути, и тоа само по пет дена откако започнала да практикува дишење на дијафрагма, почнала да не чувствува глад и немала желба за цврстата храна.

„Не се откажав намерно од храната. Почнав да вежбам дишење и отприлика по пет дена не чувствував повеќе потреба за цврста храна. Дишењето на овој начин го ублажува стресот, го олеснува дигестивниот систем, ја сузбива гладта и ја засилува вашата ментална сила и среќата на човекот. Затоа на никого не би му препорачала да пости или да прави екстремна детоксикација на телото пред претходно да научи како треба правилно да дише“ вели Одра.

Таа зборувајќи за својата животна рутина, вели дека секој ден започнува вежби за дишење на дијафрагма.

Вежбите за свесно дишење траат околу 45 минути. Потоа вежбам јога, се сончам, повторно правам вежби за дишење, минувам време во природа и се шетам. Цврста храна ќе изедам само во специјални пригоди како на пример при роденденски прослави, вели оваа необична девојка.

„Мислам дека луѓето јадат од чиста навика наместо заради реални потреби. Затоа убедена сум дека преминувањето на ваков начин на живот ќе заштедат доста енергија и пари, да не споменувам здравствената добивка која сигурно би ја почувствувале за брзо време“, заклучува Одра Бер.

Како во три чекори да научиме правилно да дишеме низ дијафрагма

Треба да легнете на грб на права површина (можете и во кревет) и да ги свиткате колената. Можете да ставите и ерница под главата и коленото доколку така ви е поудобно.

Едната рака ставете ја на горниот дел од градниот кош, а другата на стомакот, точно под ребрата. Вдишете длабоко низ носот, дозволете зракот да влезе длабоко кон долниот дел од стомакот. Раката на градите треба да остане неподвижна, а онаа на стомакот треба да се подигне.

Стиснете ги абдоминалните мускули и дозволете да упаднат кон шуплината со издишување низ устата. Вежбајте пет до десет минути секојдневно, а ако имате време, вежбата повторувајте ја неколку пати во текот на денот. Вежбата можете да ја правите и додека седите на столче, со свиткани коленици, опуштени раменици, глава и врат.

Дишењето на дијафрагма, познато и како абдоминално дишење или дишење од стомакот, значи и потполно размена на зракот, односно кислород што го вдишуваме го разменуваме со јаглеродиоксидот. Таквото дишење се регулираат отчукувањата на срцето и се стабилизира крвниот притисок.

Facebook Comments
(Visited 77 times, 1 visits today)
Loading...