Богдана Ражнатовиќ, снаата на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска излезе од породилиштето.
Таа на 17 април, втор ден Велигден го роди синот Крстан. Интересно е што вториот син на Богдана и Вељко е роден на денот на раѓањето на покојниот дедо Жељко Ражнатовиќ- Аркан.
Гордиот татко Вељко Ражнатовиќ денеска ги пречека сопругата и наследникот од приватна клиника во Белград.
Младиот боксер го зема својот втор син, исто како и првиот, во транспортер на кој имаше симбол на моќно значење за неговиот татко.
При излегувањето од породилиштето, мама Богдана истакна дека се чувствува одлично, а за тоа несомнено е дека се погрижила свекрвата Светлана Цеца Ражнатовиќ. Поточно, таа не штедела пари за својата единствена снаа.
Фолк дивата за породувањето на снаата наводно дала 616.000 динари. Како што пренесуваат српските медиуми гордата баба и свекрва не штедела пари туку потрошила скоро седум просечни српски плати.
Самото породување наводно, чинело 450.000 динари, додека четиридневниот престој чинел 128.000 динари.
– Ова е благослов од Бога! На денешен ден се роди мојот покоен сопруг. Богдана е супер, а за Вељко не знаев дека плачел – изјавила Светлана откако го добила второто внуче.
Цеца откри и дека има посебен подарок за својата снаа, но не сакаше да каже што е тоа:
– Имам посебен подарок за снаа ми, таа не знае, сакам да биде изненадување. Крстан ќе добие безусловна љубов. Би сакала да имаат девојче, тогаш јас би банкротирала. На Анастасија и е жал што не може да биде со нас, чека документи, не може да ја напушти државата, посочи Цеца.