Нема да верувате како изгледа денес Султанија Михримах, ќерката на Хурем и Сулејман Величевствениот, го смени личниот опис
Турската актерка непрепознатлива...
Популарната турска серија „Сулејман Величествениот“ на нашите простори доживеа голема популарност.
Дејствието на драмата го следи животот на султанот Сулејман кој во своето 46-годишно владеење изградил Отоманска империја поголема од онаа на Александар Велики.
Актерката која привлече големо внимание со својата убавина беше Пелин Карахан, која ја играше Султанија Михримах, ќерката на Сулејман и Хурем.
Пелин Карахан е родена во Анкара на 7 септември 1984 година.
На почетокот на кариерата, Карахан се појавуваше во реклами за Coca-Cola Light и Carrefour.
Пелин зад себе има два брака. Таа се омажи за прв пат во 2011 година со фитнес инструкторот Ердинч Бекироглу.
Љубовната приказна не траеше долго, а парот се разведе во 2013 година.
Само една година подоцна, таа се омажи за Бедриа Гунтај.
Таа го роди нивниот син Али Демир во декември 2014 година. Друг син по име Кан Ејуп се роди во март 2017 година.