Нема веќе мини здолништа и скинати фармерки – Конечно учениците ќе заличат на ученици со нов дрес код во медицинското училиште во Штип

Прилепската гимназија „Мирче Ацев“ на својата официјална страница објави правилник за надворешен изглед на учениците.
Правилникот добил и визуелен формат, со односно плакат поставен на влезната врата и низ ходниците на училиштето, и учениците се потсетувале да се придржуваат до правилата од Кодексот за однесување и надворешен изглед.
Испокинати фармерки, куси панталончиња далеку од пристојни, маички на прерамки, коси пуштени врз лицата, момчињата со шарени бермуди со кои небаре се капеле во море, ова е дел од костимографијата со која учениците ја почнаа и оваа учебна година. И не е ова некоја театарска премиера, ами веќе со години повторувана реприза.
За многумина ученици се мисли како сѐ уште да се на плажа, со оглед на тоа во какви изданија може да се видат во училишните дворови и ходници.
Токму поради тие причини, прилепската гимназија „Мирче Ацев” ги истакна новите правила за изглед на учениците, кои веќе наидоа на големо одобрување од родителите. Со плакат поставен на влезната врата и низ ходниците на училиштето, се потсетуваат учениците дека треба да се придржуваат кон правилата од кодексот за однесување и за надворешниот изглед.
Според објавата, забрането е да се оди на училиште во маици на прерамки, хеланки, бермуди, шорцеви, кратки пантолони, кратки маици, искинати фармерки и пантолони, тренерки и кратки сукњи.
Исто така, на учениците им е забрането да имаат големи нокти и пирсеви.
Во Кодексот за однесување, кој исто така е објавен на страницата на училиштето, наведено е дека машките ученици не смеат да имаат долга коса, репче или брада.
-Учениците да бидат уредно облечени горен дел пристоен изглед – маичка/блуза/дуксер, долен дел фармерки/панталони/сукња со пристојна должина. Со својот пристоен изглед нема да се издвојуваат од средината. Во спротивно, нема да бидат примени на настава.

Дозволена должина на здолништа е до и под колена, а на панталони исклучиво долги.
Секој ученик да внимава на својата фризура за време на настава, (женските со уредна и прибрана фризура без разлика на должината на косата, без шминка и лакирани нокти, а кај машките без долга коса, репче и брада) – наведено е во кодексот.
Правилникот ги актуелизираше во јавноста дискусиите околу тоа дали е потребно враќање на школските униформи во училиштата, со цел пристоен изглед, но и да нема поделби помеѓу учениците, според висината на цената на гардеробата која ја носат.
Според реакциите, голем дел од родителите се за задолжително враќање на школските униформи, под услов истите да бидат обезбедени од страна на училиштата, а не родителите да плаќат за нив бидејќи во минатото се случило да имаат понуди за униформирана облека, кои биле нереално скапи.
Голем број на ученици пак сметаат дека со вакви и слични забрани се навлегува во нивната приватност и право на личен избор, посебно кога е во прашање должина на коса кај момчиња, или пак спортскиот начин на облекување, во случајов тренерки и хеланки.
По примерот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“ и СОУ „Јане Сандански“ од Струмица се приклучува кон кампањата за пристоен изглед на учениците во средните училишта.
Според правилникот за надворешниот изглед на учениците во гимназијата, забрането е да се оди на училиште во маици на прерамки, хеланки, кратки пантолони и маици, кратки сукњи, искинати фармерки и панталони, тренерки, долги нокти, пирсеви…
Плакатот со правила за надворешниот изглед на учениците ќе биде истакнат на повеќе видни места во училиштето и ќе се вложат сите напори истите да се почитуваат, велат од СОУ „Јане Сандански“.

Нема повеќе голи грбови, кратки сукни, искинати фармерки и мајци на рамки. По примерот на прилепското и штипското медицинско училиште воведе правило на облекување.
-По примерот на колегите од Прилеп и ние го воведовме дрес кодот за да учениците се облекуваат пристојно и изгледаат на вистински ученици, вели директорката Марија Николиќ.




