Неколку преубави венчаници поради кои не мора да одите во минус

Модната куќа „C&A“ ја претстави својата нова колекција „New Horizonts“ за пролет-лето 2019 во Лисабон.

„Во прашање се модели кои симболизираат жена која не се плаши да го покаже својот став, индивидуалност и сила и која независно го обликува својот живот и стил. Дизајнот е според сите стандарди на модерната верзија на женственоста и самодовербата“, а тоа го вели и Сабрина Шаирцеј од „C&A“.  „Кога го осмислувавме дизајнот, замислувавме силна жена – но која што презима различни улоги во својот секојдневен живот и има храброст да проба нови работи. Денешната жена повеќе е фокусирана на индивидуалноста и користи модни комбинации како би ја изразила својата посебност“, вели таа.

ADVERTISEMENT

Колекцијата комбинира материјали и дезени со женствени силуети кои дополнително се нагласени со додатоци како ремени или набори, а посебен дел од колекцијата се и – венчаниците! На ревијата на претставени четири модели на венчаници за различни видови невести. Па така во понудата ќе најдете долг модел со децентен „V“ израз и цветен дезен како украс во пределот на стомакот кој е совршен за модерните романтичарки. Тесниот фустан пак со тантела и средна должина, со висока јака која наликува на коктел фустани ќе им се допадне на нетрадиционалните невести.

Цените на венчаниците како и на останатите модели што пристигаат за пролет 2019 ќе се движат од 49 до 179 евра. Погледнете ги моделите на новите венчаници од овој бренд во галеријата што следува…

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed