Неколку парчиња што радо би ги укpaле од плакарите на Шехерзад, ИСТАНБУЛСКАТА невеста, Хурем и 10 нивни колешки!
Турските актерки се поприлично популарни на овие простори
Но тие покрај тоа што се во центарот на вниманието заради својот шарм на малите екрани, тие го привлекуваат вниманието и на социјалните мрежи, посебно со перфектните модни комбинации што ги носат.
Па така на пример познато е дека актерката Асли Енвер која најмногу ни е позната како истанбулската невеста, сама ги бираше повеќето модни комбинации што нејзиниот лик ги носеше во оваа популарма турска серија.
Нежната, но силната и убавата Суреја која зрачеше со самодоверба на многу жени им е модна инспирација, а Асли сака ги избираше моделите и тоа најчесто истите оние што би ги носела и во приватниот живот.
Но Асли не е единствената турска актерка што со своите модни изданија докажува дека убавите Турчинки знаат како да се облекуваат.
Тоа впрочем можеме да го видиме и од нивните профили на социјалната мрежа Инстаграм, каде ги воодушевуваат фановите со секоја своја фотографија.
Во продолжение погледнете уште неколку познати турски актерки кои изгледаат како вистински модни икони.
Една од нив е и Шехерзад, која исто така често можеме да ја видиме во парчиња што би сакале да ги имаме во плакарите.
Покрај Шехерзад, односно Бергузар Корел, тука е и Мерјем Узерли, која се прослави со улогата на Хурем.
Таа исто така многу често знае да ги изненади фановите со своите интересни модни изданија, без разлика дали се во прашање комбинации што ги носи на црвениот килим или пак оние што ги „фура“ во приватниот живот.