На интернет кружат фотографии од ове мали слатки суштества кои изгледаат како постојано да се смешкаат.
Благодарение на овие слики научивме две работи: дека ова мало суштество се нарекува Куока и дека ги нарекуваат и „најсреќното животно на светот“.
Но, животот на овие торбари не е едноставен. Под таа слатка насмевка се крие и другата страна. Какви животни се тие во суштина? Дали навистина се среќни?
Куоките се најмалите членови на семејството Макроподидае (Мacropodidae), во кое исто така се вклучуваат и кенгурите. Тие растат во близина на мочуриштето, или во пустини со сува вегетација. Тие копаат тунели за да се засолнат и излегуваат во потрага по храна во текот на ноќта.
Тие се единствените копнени цицачи на островот Ротон.
Куоката може да ве гризне
Покрај тоа што се „најсреќното животно на светот”, тие се подготвени и способни да се бранат и да се грижат за себе. Секоја година, амбулантска клиника од островот Ронс третира десетици пациенти кои се гризнати од овие животинчиња.
Но меѓу себе, се прилично мирни. Мажјаците не се ни борат за изборот на жена или поради храна и вода. Повремено се напаѓаат поради студот и одржливоста на топлина во декември месец.
Ги користат луѓето
Ове љубопитни и бестрашни животинчиња се адаптираат на човечкото присуство и нивната околина. Камповте и апартманите каде има шведска маса се ноќна мета на овие мали суштества кои се во потрага по закуски.
https://www.instagram.com/p/BtdhIy7na8V/
Куоката често може да се забележи на туристичките локациии и хостли, со други зборови, каде што овие животни лесно можеле да добијат оброк.
Куоките ги жртвуваат млaденчињата
Куоките поголемиот дел од времето го поминуваат одмарајќи се помеѓу оброците во некоја длабока сенка. Но, овие торбари се способни да сторат сé за да преживеат. Кога имаат проблеми со недостигот на вода, тие џвакаат листови, но ако не им се доволно сочни тие знаат да се искачат високо на дрвото за да дојдат до посвежи листови.
https://www.instagram.com/p/BuLT0QqgJcR/
Воедно доколку се нападнати од некој грабливец бегајќи тие можат од својата торба да го исфрлат младенчето за да го отргнат вниманието и со тоа тие го жртвуваат своето наследство за да се спасат, со цел дека пак ќе родат. Иако делува сурова во нивнот свет ова е прифалтиво.