Реклама
Наши ѕвезди

Неколку зборови на Турунџиева што треба секоја мајка да ги прочита – како го зафркнавме детството на децата

„Им го зафркнавме детството на децата, им подаривме паметни телефони, ги отуѓивме едни од други“

Реклама

Коментар на денот

Водителка, писателка, музичка ѕвезда и грижлива самохрана мајка се зборови со кои би можеле да ја опишеме Сузана Турунџиева.

Но таа често привлекува внимание и со своите објави на социјалните мрежи, а тоа го направи и деновиве како со фотографиите што ги објави, така и со убавите и поучни коментари што ги напиша под нив.

Маркетинг

Па така откако најпрво објави фотографија на која е со нејзината помала ќерка Матеа, а под која напиша еден интересен коментар за родителството и воспитувањето на децата, Сузана објави уште една фотографија. Но овој пат таа е сама на плажа, со раширени раце, а во коментарот зборува за човечкиот страв, но и за слободата и потребата да бидеме со раширени крилја.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Сузана Турунџиева

„Големите дела не можат да се изнедрат од ограничениот простор на вашата комфорна зона. Во пресрет на стравот, со огромна верба во сопствените вредности и својот живот, храброста расте, а нашите граници постепено се прошируваат, за да бидеме спремни да примиме поголеми дарови од животот…

Освести го твојот страв, “нокаутирај го” и претвори го во портал за растење… Кога еднаш ќе поминеш низ таа “врата” влегуваш во димензија на голема љубов и слобода, а кога безусловно сакаме и се чувствуваме слободни, тогаш ниту небото не ни е граница…

Фото: Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Тогаш можеме се!

Помести ги твоите граници, за да можеш слободно да рашириш ‘крила’…“напиша Турунџиева во својот коментар на социјалните мрежи.

Во продолжение прочитајте го и нејзиниот коментар за родителството и најмилите, но и коментарот во кој зборува за тоа како ние самите им го зафркнавме детството на децата со паметните телефони, како ги отуѓивме едни од други и ги ограничивме, наместо да им дадеме крилја и знаење, ги направивме робови.

Фото: Инстаграм/ Сузана Турунџиева

„Важна лекција на која МОРА да ги научиме нашите деца! Луѓето ќе не повредуваат онолку колку што ќе им дозволиме… Луѓето ќе не искористуваат онолку колку што ќе им дозволиме… Луѓето ќе не сакаат онолку колку што ќе им дозволиме..

Не поставувајте пречки, ПОСТАВЕТЕ ГРАНИЦИ!“

„Не го сакам времево во кое (чест на исклучоци) никој не прифаќа да биде оној истиот кој го гледа во огледалото, туку сака да биде некоја поубава верзија од себе, ама на некој забеган начин… Не го сакам времево во кое е поважно да бидеш “среќен “, “згоден”, “млад” и “успешен” на социјалниве мрежи, а уствари си тежок крш😒 и едвај успеваш да ги пофатиш “конците”.

Фото: Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Не го сакам времево во кое филтрите, лажните насмевки и неконтролираната потреба да ни се покаже баш се: кој, како, каде и со кого јаде, пие, или плаќа, стана толку присутно, да посакуваш веднаш да се “згасиш” и да побегнеш на некоја друга планета…

Не го сакам времево во кое “ејџизмот” стана многу битна работа, време во кое никој не прифаќа да биде стар, ами сите би да останат вечно млади и згодни, па затоа, наместо да уживаат во процесот на стареењето, ширејќи добар пример на младите генерации, еден голем дел од луѓето прават плашила од себе и згора на се забораваат дека освен на социјалните мрежи, треба и да се појават на улица, на работа, па можат да исплашат некого?!

Фото: Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Не го сакам времево во кое им го зафркнавме детството на децата, им дадовме паметни телефони, ги отуѓивме едни од други, ги ограничивме, наместо да им дадеме крила и знаење, ги направивме зависни и несигурни, наместо да ги научиме да бидат самостојни и свои, тие најчесто се несигурни, исплашени и се само дел од толпата… речиси и да не можеш да сретнеш дете/девојче кое има свој личен стил на облекување, се е исто: минимализам, и во облеката и во размислувањето… Каде сите, таму и тие…

Дајте некоја машина, да го вратиме времето назад… ова, не не усреќува“, пишува Турунџиева на својот Инстаграм.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button