Неколку детали од приватниот живот на пејачот Благоја Грујовски и жената што му го украде срцето
Еве колкава е разликата во годините помеѓу Благоја Грујовски и неговата сопруга
Нашиот познат фолк-пејач Благоја Грујовски веќе со години е во среќен брак со сопругата Ирена со која го има синот Марко.
Благоја кој важи зa еден од нашите најпознати фолк-пејачи кој повеќе од три децении е присутен на нашата музичка сцена.
Тој неодамна го прослави својот 62 роденден, а оваа година слави и 15 години брак со својата сопруга Ирена.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Тие две и пол години пред да влезат во брак беа во врска, а Ирена беше во шестиот месец од бременоста на нивната свадба.
Но она што малкумина го знаат е дека Благоја е 24 години постар од Ирена, но и дек 12 години беше постар од претходната сопруга.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Имено, Благоја пред бракот со Ирена беше во брак со познатата водителка Татјана Стојановска со која исто така има син.
Што се однесува до тоа каков е Благоја како сопруг, како што самиот откри неодамна за Гламур, тој денес се труди да го даде најдоброто од себе, и генерално мисли дека тоа успешно го прави.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
„Јас се трудам да бидам најдобар сопруг и татко што можам да бидам, сега дали успевам во тоа колку што сакам и колку треба не знам, но генерално мислам дека ги исполнувам тие критериуми. Сега барем во овие години сум прибран и одговорен и се грижам за фамилијата, за домот за децата“, изјави Благоја неодамна, па го додаде и следново:.
„Едниот син е веќе возрасен, сам се грижи за себе, сам живее и работи, дипломиран е и има 26 години, а малиов треба да се работи на него доста, да се разговара бидејќи е во специфични деликатни тинејџерски години“, изјави Благоја откривајќи детали од својот приватен живот.
Инстаграм/ Ирена Спировска
Потсетуваме, Благоја пред неколку недели го прослави својот 62 роденден и тоа на промоцијата на спотот за песната „Мој пријателе“.
Инстаграм/ Ирена Спировска
Станува збор за песна која Благоја ја изведува заедно со колегата Гоце Пејковски, а која е напишана од братот на Благоја, Ташко Грујовски.
Имено, и родениот брат на Благоја е музичар, еден од нашите најдобри тамбураши и контрабасисти, а потекнуваат од реномирано музичко семејство – нивниот покоен татко Мате Грујовски беше многу познат македонски композитор со голем број песни што ги исполнувале најразлични музичари. Мате исто така долги години беше и главен и одговорен уредник во МРТВ, па очигледно дека браќата Грујовски имале од кого да го научат музичкиот занает.