Некои нови форми – ќе се изненадите од парфемите што сега се хит и во Македонија

Парфем во тврда форма или во четкичка за шминкање?

Burberry, парфем во тврда форма

ADVERTISEMENT

Парфемите се дел од нашиот секојдневен живот, а одредени мириси предизвикуваат сеќавање и емоции. Секој од нас има свои фаворити или барем еден парфем на кој со години му е верен, но одвреме-навреме добро е да пробаме и нешто ново, нели? Па доколку сте расположени за експериментирање наш совет е покрај новите мириси да пробате и парфем кој доаѓа во необична форма или пакување. На пример парфемската куќа „Byredo“ минатата година претстави парфем со облик на четка за шминкање кој ги освои познатите бјути инфлуенсерки. Или „Chanel“ со мирисните перничиња со мирисен гел кој можете да го нанесете на лицето и телото, а многумина ги обожаваат и парфемите во облик на суво масло од „Maison Margiela“.
На пазарот можете да најдете и тврди парфеми кои се мачкаат на кожа, roll-on парфеми, парфеми во крем, односно гел. Ваше е само да ја пронајдете формата што ви одговара најмногу, а во галеријата што следува погледнете некои од најдобрите парфеми што влегуваат во оваа категорија.

Rouge Bunny Rouge, крем-парфем

Maison Margiela, парфем во масло

Le Labo, тврд парфем

Elizabeth and James, тврд парфем

Demeter, roll-on парфем

Chanel, парфем во форма на пудра

Извор: Buro247
Facebook Comments
No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.