Некогаш беше една од најпознатите и најубавите пејачки во Македонија – важеше за опасна риба, погледнете како изгледа денес
Со нејзиниот глас и појава многумина беа воодушевени откако се појави на нашата сцена, но откако се омажи и роди деца музичката кариера и е на втор план.
Дали се сеќавате како изгледаше Маја Гроздановска-Панчева на почетокот од својата музичка кариера?
Оваа пејачка во 90-тите и почетокот на новиот милениум во Македонија важеше за една од најпознатите и најубавите пејачки. Но и покрај вокалните способности, таа во еден момент одлучи да се повлече од македонската сцена и да му се посвети на своето семејство.
Имено, уште додека ја градеше својата кариера и настапуваше низ локалите во Македонија, Маја се запозна со фудбалерот Дарко Панчев и наскоро меѓу нив се роди љубов.
Тие набргу запловија и во брачните води, па така од нивниот брак ги имаат ќерките Надица и Марија.
Познатата поп-пејачка денес е вработена во хорот во МОБ, а во музичките води се уште е актуелна со песната „Ноќи без крај“ што ја снимаше во 2015 година.
Она што можеме да го забележиме е дека Маја сиве овие години речиси и да не се променила, па се уште е вистинска убавица како и на почетокот од својата кариера. И покрај тоа што е мајка на две прекрасни ќерки, за неа времето како да стои, и речиси нема да познаете кои нејзини фотографии и видеа се стари, а кои нови.