Алберт Ајнштајн бил германски теоретичар, физичар, филозоф, автор и една од највлијателните личности во светот.
Прочитајте ги неговите најинтелигентни совети за животот, кои вечно ќе ги стимулираат луѓето ширум светот.
„Секоја будала може да знае по нешто. Поентата е да ги разбереш работите!“
„Најубавото искуство кое може да го доживееме е она мистериозното.“
„Во средиштето на тешкотијата, лежат безброј можности.“
„Малкумина се оние кои гледаат со своите очи и чувствуваат со своето срце!“
„Интуитивниот дух е божји дар, а рационалниот дух е верен слуга. Ние создадовме општество кое го слави слугата, а го заборава божјиот дар!“
„Животна трагедија е она што умира во човекот додека е сè уште жив!“
„Научете ги правилата и тогаш ќе играте подобро.“
„Мерата за интелигенција е способноста на човекот да се промени.“
„Секој маж кој може да вози безбедно додека бакнува убава девојка, едноставно не му го дава на бакнежот вниманието кое тој го заслужува.“
„Имагинацијата е сè. Таа е преглед на она што следи во животот. Имагинацијата е многу поважна од знаењето.“
„Човекот кој никогаш не направил грешка, никогаш не пробал нешто ново.“
„Тајната на креативноста е во знаењето како да ги сокриеш своите извори“.