Реклама
Хороскоп

Неделен хороскоп за периодот 28 септември – 4 октомври, 2015

Реклама

Астрологијата е една од најстарите науки, почитувана во историјата од големите и мудреците. Ниту еден цар не постигнал мир или војна, ниту еден генерал борба. Накратко, ниту една важна одлука не е донесена без консултација со астролог. Кога ова важи за царевите и генералите, тогаш што друго ни преостанува нам освен и ние да ’ѕирнеме’ во ѕвездите.

sept28 6

Овен (21 март – 20 април)
Ќе бидете среќни поради успех на млада жена или девојка од вашето семејство. Со голема доза на среќа, таа ќе ги надмине своите грижи, проблеми. Ќе има среќен крај на комплексна ситуација во животот на жените-Овен до 35-годишна возраст.
Во текот на неделата можете да организирате или да бидете поканети на собир поврзан со дете или младо лице, веројатно од машки пол. Вест во врска со принова.
Можно е да добете пари од некој што живее во друга заедница. Ќе имате трошоци, исплати и други финансиски трансакции поврзани со претстојно патување или инвестиција во друг град/држава, бизнис и друго.

Маркетинг

 

Бик (21 април – 20 мај)
Ќе имате шанса да купите предмети за домаќинството или други важни набавки со заем, банкарски кредит или како важна потреба за работата/бизнисот. Успешен развој на вашата работа или бизнис доколку продавате или произведувате апарати за домаќинството.
Може често да се најдете во необјаснети состојби на тага или чувство на загуба, фрустрација во животот, иако оваа недела може да биде многу продуктивни и успешна за вас. Ќе имате успех којшто ќе го постигнете со задоцнување или задоцнето признание за вашиот придонес.
За мажите-Бик на возраст над 35 години постојат можности за добра сума готови пари. Можно во врска со вашиот дом.

Маркетинг

sept28 5

Близнаци (21 мај – 20 јуни)
Непријатен настан или вест поврзани со личност во знакот на Бик, Девица или Јарец, веројатно кое живее во друго место или земја.
Причина за радост или собир во вашето семејство е поврзана со лице во знакот на Близнаци, Водолија или Вага. Воопшто, оваа недела ќе имате причина за радост или собир во домот.
Ќе се грижите за некои други, поинакви настани во животот на пријатели кои се во кризен период, се преселуваат или се на прагот на друга голема промена; здравствен проблем.
Ќе очекувате исполнување на важно ветување што ви го дале пријатели.

 

Рак (21 јуни – 20 јули)
Оваа недела љубовта ќе заземе важен дел од вашиот живот и тоа во форма на динамична преписка, телефонски разговори, состаноци и предлози. Посебно интересна е можноста за развој на љубовна врска со партнер во знакот на Риби, Шкорпија и Рак.
Неочекувано обелоденување може да се појави во врска со некој зад сцената вклучен во игра, манипулации, интриги. Ќе доживеете разочарување поради некое лажно ветување или лажна надеж. Постои можност за загуба како резултат на измама или грешка поврзана со мала сума пари.
Конфликт ќе се развие со жена во знакот на Овен, Лав или Стрелец и би можел да ви одземе голема енергија и многу време, а ќе создаде непријатност која ќе трае подолго време.

sept28 4

Лав (21 јули – 21 август)
Работата на вашиот брачен другар ќе стане важен настан или тема на разговор во текот на неделата. Постои можност за претстојни промени поврзани со просперитет/благосостојба за целото семејство. Во некои случаи, нов семеен бизнис може да запичне или може да има иновација во веќе разработениот бизнис.
Можно е патување поврзано со мешко лице, но патувањето ќе треба добро да се испланира и обезбеди. Поволна недела за патување, особено за мажите-Лав.
Лоши вести во врска со ваш роднини или некој од пријателите. Може да се случи неочекувана несреќа, сообраќајка или други стресен развој во неговиот/нејзиниот живот.

 

Девица (22 август – 22 септември)
Оваа недела ќе биде запаметена поради важен состанок или собир. Тоа може да биде повод да поканите роднини и пријатели во вашиот дом или, можеби, вие ќе бидете поканети кај роднини или пријатели.
Ќе бидете вклучени во разговор или дискусија за работи кои се однесуваат на вашата иднина, идна работна позиција, план и друго.
Саканото лице или некој близок ќе постигне успех во својата професија или општествен ангажман.
Ќе бидете во можност да најдете решение или вие ќе добиете помош за решавање на проблеми што се однесуваат на нечија бременост, дете или внук.
Имотни прашања или проблеми со апарати за домаќинство во домот на пријатели или соседи некако ќе ве засегнат и вас.

sept28 1

Вага (23 септември – 22 октомври)
Ве очекуваат средби, разговори, предлози и новости поврзани со пари, приход, добивка поврзани и со вашата работа и со вашиот приватен живот. Може да добиете важни интервенции или активности од лице во знакот на Девица, Јарец или Бик.
Можеби ќе добиете пари или можност за дополнителен приход во текот на неделата.
Ќе има конфликт со момче или млад човек, а тоа нема да ве изненади. Младите Ваги веројатно ќе почувствуваат љубомора во мислите или дејствијата на некоја девојка или жена.
Ќе треба да оставите настрана некој ваш план поврзан со домот или семејството. Времето ќе покаже дека сте направиле нереални планови, очекувања и надежи за нешто што барем во оваа фаза не може да се реализира.

 

Шкорпија (23 октомври – 22 ноември)
Може да искрсне проблем во врска со важен документ, информација, лична пошта или пратка. Пазете се од туѓа љубопитност, но и од својата расеаност или наивност.
Интересни вести ќе добиете од личност во знак на Близнаци, Водолија или Вага, но тие ќе ве воодушеват во однос на друго прашање…
Несакани или негативни случувања во судски спор или правен случај може да настанат доколку сте вклучени на некој начин во нив. Може да бидете изненадени од ваквите случувања кои дефинитивно ќе ве фатат неподготвени…
Може да има настан поврзан со девојка или млада жена која живее далеку од вас. Настаните во нејзиниот живот може да изгледаат непријатни или еден вид на загуба, но, всушност, ќе бидат дел од нејзино постигнување успех во животот. Сепак, патот кон успехот ќе биде многу тежок за неа.

sept28 3

Стрелец (23 ноември – 21 декември)
Оваа недела љубовните искуства ќе ви причинат голема радост. Причина за насмевка или мала свеченост ќе имаат оние Стрелчи чиј партнер е во знакот на Бик, Девица или Јарец. Најверојатно ве чека ново познанство неделава.
Ако патувате, можни се одложувања, транспортните проблеми или, генерално, неуспешно патување. Ќе има одложување или неисполнет план да патувате и некаде до крајот на годината.
Добри вести или понуди поврзани со пари што ќе ги добете неделава или пари што ќе следат во блиска иднина. Финансиски односи со луѓе во знакот на Риби, Шкорпија и Рак.

 

Јарец (22 декември – 20 јануари)
Татковците-Јарец ќе бидат посветени оваа интересна и, најверојатно, позитивна недела со различни настани поврзана со ќерка или внука. Раѓање на принова може да изненади секого поради некоја посебна причина или околност.
Неделава ќе биде многу комплицирана на работното место, особено за жените-Јарец над 35 години. Може да има промени, преместувања, укинување на работни места, новини… Колку посмирено ќе ги прифатите настаните, толку подобро за вас. Сето она што ќе се случува е, едноставно, неизбежно.
Можете да очекувате подарок или гест на внимание од некого кому вие сте посебни. Може да бидете среќни во одредена ситуација, но среќата не може да дојде до сите Јарци, зарем не? Важна е и заслугата…

sept28 8

Водолија (21 јануари – 19 февруари)
Оваа недела ќе мора да се справите со финансиските проблеми на некој кој ќе ве посети дома или ќе побара средба. Која и да е оваа личност, таа дефинитивно имаат сериозни проблеми. Одлуката за помош, сепак, ќе зависи целосно од вас.
Сега е важно да не брзате со вашите реакции по секоја добиена вести, повик или писмо. Сè може да излезе многу поинаку и сосема во ваша корист.
Претстои разделба со млада личност од вашето семејство или кругот на пријатели од различни причини и околности во животот.
Ќе имате некој вид на тест или немил настан со машко лице до 35 години.

 

Риби (20 февруари – 20 март)
Очекувајте неочекувани настани дома поврзани со решавање на домашни проблеми. Ќе добиете вести што ќе ги одредат вашите идни планови и одлуки.
Може да бидете изненадени поради дејствија, настани и вести поврзани со личност во знакот на Вага, Близнаци или Водолија.
Непријатен момент можат да се појави во врска со здравјето на лице што го познавате поради некоја грешка во дијагнозата, третманот, исхраната и друго.
Може ќе организирате, поканувате или ќе бидете вклучени во голем настан од семејна природа: раѓање на принова, веридба, свадбена годишнина, крштевање, помен или слично.

Големиот месечен хороскоп за септември ве чека овде.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button