Неделен хороскоп за периодот од , 8 до, 14 јули 2019 година.
ОВЕН
Ве очекува период во кој ќе имате нови деловни дилеми. Бидете внимателни на работа.Немате љубовни проблеми. Не размислувате многу, не се оптоварувате и затоа се се сложило на свое место, како што и треба.
Здравјето ви е одлично.
БИК
Може да очекувате дека ќе добиете нови идеи кои ќе ви бидат многу значајни за започнување на бизнис. Ви пречат импулсивните реакции на пријателите. Сакате нештата да бидат смирени. Најдете решение за тоа. Ве очекува прекин на врската.
БЛИЗНАЦИ
Обидете се да се посветите на работата и обврските. Авантури ќе имате и оваа седмица, но на љубовен план нема ништо посериозно на видик. Жалите за некоја поранешна љубов и тоа се одразува на вашето емотивно расположение.
Можни се главоболки.
РАК
Важни обврски се пред вас. Потрудете се да се организирате што подобро можете. Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите со кои соработувате. Некому веројатно се допаѓате и едвај чека тоа да го забележите.
ЛАВ
Може да очекувате поволен период за деловни одлуки, промени како и потпишување на нови договори. Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата сакана личност тоа нема многу да и се допадне , па обидете се да ја носите со вас или да и ја објасните вашата потреба за друштво.
ДЕВИЦА
Пред вас е шанса да ја зголемете својата заработка. Може да очекувате дека нема да бидете задоволни со новите деловни прилики. Среќни сте и исполнети и подготвени за на плажа. Средбата со партнерот ви дава енергија за останатите аспекти.
ВАГА
Можеби наскоро ќе мора да пресечете и да донесете конечна одлука. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.
ШКОРПИЈА
Финансиската состојба полека се корегира.Ви недостасува подршка од страна на партнерот бидејќи сте во многу стресен период. Не знаете кому да се обратите бидејќи до сега секогаш сте се доверувале на партнерот.
СТРЕЛЕЦ
Склони сте кон некои промени во плановите и соработниците почнуваат да мислат дека сте нестабилни. Водете сметка за тоа каков впечаток ќе оставите. Се чувствувате многу осамено и потребна ви е нова љубов. Склони сте кон негативни емоции.
ЈАРЕЦ
Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте.
ВОДОЛИЈА
Може да очекувате дека конечно ќе ви се насмевне среќата. Ве очекува мирен и хармоничен период со саканата личност. Добро би ви дошла масажа и некој вид релаксација.
РИБИ
Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите. Не сте подготвени за нова врска. Постои личност која не сте ја преболеле и на која сѐ уште мислите.