Неда Украден објави емотивна порака на Инстаграм за нејзината мајка која почина минатата година

Ти благодарам за твојата љубов, поддршка и сила

„Во твоето срце за мене, секогаш имало топла љубов, ме следеше насекаде, како ангелско крило. Тежок живот имаше, но никогаш не се жалеше, секогаш беше на моето небо, ко сонцето блескаше ти. Денес е една година од како престана да тропа срцето на мојата мајка Анџа. Мила моја мајка, ти благодарам за љубовта, силата, поддршката, грижата и радоста со кои што ги исполни нашите животи! Ќе бидеш вечно во нашите срца! “, напиша Неда покрај фотографијата на нејзината мајк, а во коментарите обожавателите и испратија бројни пораки со поддршка.

ADVERTISEMENT

 

Неда беше многу блиска до својата мајка Анџела. : „Мајка ми ќе ја жалам дури сум жива. Таа ќе биде среќна да продолжам со концерти и снимање песни. Многу ми помогна да бидам она што сум и благодарна сум на неа. Ми помогна и во семејниот и професионален живот. Ќе и го посветам секој мој концерт. Моите мисли секогаш ќе бидат со неа, но животот продолжува. Таа би била среќна да ме види сега на сцената, дека сум се вратила на својата публиката и своите песни”, изјави таа за српскиот Блиц по смртта на нејзината мајка.

Facebook Comments
(Visited 415 times, 1 visits today)