Невиден cкaндал: Горат социјалните мрежи заради новите дресови на македонската фудбалска репрезентација
Кој дрес ви се допаѓа повеќе?
Фудбалската федерација на Македонија го објави изгледот на новите дресови на македонскиот фудбалски тим
И настана хаос на социјалните мрежи.
Постојат одредени правила од ФИФА кои мораат да се испочитуваат, но и одредена филозофија кога се фудбалските дресови во прашање.
Во видеоспотот објавен на официјалниот профил на ФФМ прикажани се сите три варијанти, но судејќи според коментарите, на поголемиот дел од јавноста ниту еден од овие три дизајни не им се допаѓа.
Според поголемиот дел од јавноста ФФМ направила голема грешка, посебно што наместо црвено-жолтата боја, избрале дресот да биде во бордо боја.
Од Фудбалската федерација на Македонија објаснуваат дека дизајнот е направен во чекор со современите трендови бидејќи речиси сите репрезентации на Европското првенство имаа не баш традиционални избори.
На самиот дрес е исцртан Балканскиот рис како симбол на нашиот национален тим, но и за него имаше критики.
Имено, според коментарите што можат да се прочитаат на социјалните мрежи, требало да остане сонцето, наместо рисот кој бил земен од интернет. Критиките одат до таму што започнаа и со собирање на потписи, односно онлајн петиција за враќање на стариот препознатлив дрес.
Еве некои од коментарите:
„Црвената боја мора да е посветла иста како што е знамето. Оваа црвена може да биде на дресот од Летонија или Турција нивните знамиња се таква црвена нашето знаме е посветло црвено“.
Имаку дресот со знамето-сонцето со кој настапуваа досега треба и на ЕП да настапат зошто досега сите поранешни ЕП репрезентациите настапапувале со истиот дрес на ЕП со кој биле и на квалификации да се запазит континуитет на препознатливост, А понатаму ок ете нека е овој со Рис ама обавезно да биде посветло црвена како што е бојата црвена на знамето.
Потпишете петиција да се вратат старите дресови под итно! пошто новиве се копи пејст од гугл бар знамето и боите на државата да ви се во прв план опинци!
„Епски дебакл од избор на бои и дизајн. Ко федерација појма немате што правите“.
Зошто мораше да ја расипете радоста на народот. Зарем ве храни тоа да го гледате народот лут, бесен и навреден? Дно сте! Кого ќе претставуваат фудбалерите, која држава? Секоја репрезентација има дизајн на дресовите со боите на државното знаме, а ние? Бордо дрес и црно со портокалова, можи да претставуваат друга држава, но не и Македонија.
Реакцијата од мнозинството ја имате, поправете ја грешката додека е време. Инаку ќе имате големи репрекусии на вашата репутација. Си играте со идентитетот на сите Македонци, не е мала работа.
Од кога тоа балканскиот рис е Македонски национален симбол?
Кој го тоа прогласил, изгласал за национален симбол? А боите на дресовите со ништо не ја симболизираат мојата, нашата земја Македонија! Црвената и жолтата се свети бои! Менувајте ги овие дресови, не дозволувајте да се поделиме и за дресовите.
Дали некогаш сте се консултирале со некого? Дали знаете што е тоа НАЦИОНАЛЕН интерес и која СИМБОЛИКА ја има и што ТОА ЗНАЧИ за државата? Сте објавите ли јавно од СТРУЧНИ лица да креираат и го претстават тоа што треба пред да одлучите скришно?
И после човек ќе рече нема политика у спортот. Копи-пасте на дресовите на Албанија. Многу сте креативни, а и не многу интелигентни ако сметате дека Македонците сме наивни. Ова не е за срам, ова е за доживотна забрана да работите со спорт.
Фото: Принтскрин/ Фудбалска репрезентација на Македонија (Фејсбук)
Фото: Принтскрин/ Фудбалска репрезентација на Македонија (Фејсбук)
Фото: Принтскрин/ Фудбалска репрезентација на Македонија (Фејсбук)
Фото: Принтскрин/ Фудбалска репрезентација на Македонија (Фејсбук)
Фото: Принтскрин/ Фудбалска репрезентација на Македонија (Фејсбук)
Фото: Принтскрин/ Фудбалска репрезентација на Македонија (Фејсбук)
Фото: Принтскрин/ Фудбалска репрезентација на Македонија (Фејсбук)
Фото: Принтскрин/ Фудбалска репрезентација на Македонија (Фејсбук)
Па, дали ви се допаѓаат новите дресови?