Додека ја замислувате вашата свадба и венчаница сигурно ни на крај памет не ви било дека можете да се појавите и со пластични сандали „кроксерки“…
Ние навистина се сомневаме во ова, но се чини дека некој одлучи да ја претвори оваа идеја во реалност. Од сега па натаму, на страницата на „Etsy“ достапни за купување се новите бели „кроксерки“ украсени со нежни розеви светки. Можеби некој ќе сака да ги носи, но она што не инзенади е дека токму овој модел е наменет за невести.
Има луѓе кои ги обожаваат овие папучи можеме да ги разбереме, но она што нè изненади е тоа што овие во колекцијата наменета за невестата!
И како по обичај овие „свечени” папучи се продаваат по висока цена. Тие се продаваат за 99,99 долари.
Шегата настрана, но кога веќе се наменети за невести, сигурно се мисли дека треба да се носат по вечерната забава за да може невестата да ги одмори нозете по носењето на виските потпетици. Но, без сомнение овие „кроксерки“ некој може да ги облече и кога ќе застан пред олтарот.
Што мислите вие?