Повеќето невести својата фризура ја пробуваат пред денот на свадбата, а на оваа невеста од Австралија која доживеа вистинско фризерско фијаско на денот на свадбата, секако, сега и стана јасно и зошто е тоа така.
ADVERTISEMENT
Една невеста во група на Фејсбук објави како изгледа нејзината фризура што и ја направил фризер и тоа за 100 долари. На едната фотографија е фризурата што сакала да ја има, а на другата онаа што и ја направил фризерот.
ADVERTISEMENT
„Само ќе ја објавам оваа фотографија тука – лево е она што го барав, десно – она што го добив. Тоа го направи професионалец на кој му платив 100 долари“ пишува таа под нејзината објава на социјалните мрежи.
Фотографијата веднаш стана вирална и беше преплавена од коментари во кои луѓето пишуваат дека се надеваат дека фризерот барем и ги вратил парите.
ADVERTISEMENT
ADVERTISEMENT