Неверојатно: ова е најмалиот гениј на светот – има само девет години, а ги завршува студиите. Наскоро ќе запише и медицина …
Никој не може да го објасни неговиот неверојатен талент
Имено, малиот Лорент од Белгија е роден во семејство доктори, но досега никој не можеше да им објасни зошто нивниот син има толку неверојатен талент за учење.
Момчето наскоро ќе добие и диплома дека завршил факултет, а има само девет години.
Лорент Симонс студира електротехника на техничкиот факултет во Ајндховен (ТУЕ) – курс кој е тежок дури и за нормални студенти.
Професорите го опишуваат како „едноставно извонреден“, а Лорент треба да дипломира следниот месец. Тогаш планира да запише докторски студии по електротехника, но истовремено и да студира медицина.
Неговите родители Лидија и Александар Симонс прво мислеа дека бабите на Лорент едноставно претеруваат кога зборувале дека детето има неверојатен талент, но тоа денес го потврдуваат и неговите професори.
Интересно е тоа што неговите родители иако се доктори, досега немаат добиено никакво објаснување зошто нивниот син е таков. Само неговата мајка има теорија
„Јадев многу риба додека бев бремена“, вели таа во шега.
Нивниот син како сунѓер го впива знаењето, а професорите се обидувале да го утврдат опсегот на неговиот талент додека ги решавал тестовите.
Но едноставно тој што и да прочита, го памти и не го заборава.
„Лорент е најбрзиот студент кој досега го имавме тука. Не само што е хипер интелигентен туку е и многу симпатично момче“, вели професорот Сјоерд Хулсхоф, директорот на „ТУЕ“ каде што студира малиот Лорент.
Но неговите родители и покрај тоа што тој учи многу побрзо од останатите, се грижат да има живот и како сите останати деца.
„Не сакаме да стане премногу сериозен. Тој прави се што ќе посака“, изјави неговиот татко Александар и додаде дека со синот цело време се обидуваат да најдат баланс измеѓу детството и неговиот неверојатен талент.
Малиот Лорент изјави дека сака да се игра со кучето Сами и на неговиот телефон, како и многу други млади луѓе. Но за разлика од повеќето деца на девет години, тој веќе знае што сака од својот живот – да развива вештачки органи. Имено, тој покрај електротехника ќе студира и медицина.
За тоа време, Лорент мора да добие диплома и да избере која академска установа ќе биде домаќин на неговата следна фаза од неговото извонредно патување. Но пред тоа, планира да отпатува во Јапонија на заслужен одмор.