Неверојатна трансформација на Ева Лонгорија – се реши од вишокот килограми и се пофали како изгледа во бикини
Ева Лонгорија, која се прослави со својата улога како атрактивната Габриела во хит серијата „Очајни домаќинки“, додека беше бремена акумулираше неколку килограми вишок, но брзо се врати во форма.
Десет месеци по раѓањето на синот Сантијаго, Ева објави фотографија од нејзиниот одмор и покажа дека нејзиното тело повторно е во топ форма.
Нејзините обожаватели се воодушевени од тоа како Ева изгледа во костим за капење, па во коментарите и оставија бројни комплименти и го пофалија нејзиниот нов изглед, а се јави и нејзината пријателка, Викторија Бекам. „Изгледаш одлично“, коментираше познатата дизајнерка.
https://www.instagram.com/p/BwkSbKtBOEe/
„Тоа е затоа што имам подигнати раце“, се пошегува убавата актерка во нејзиниот одговор.
https://www.instagram.com/p/BwnKS7ChYBp/
Ева заедно со својот сопруг Хозе Бастон во моментов се наоѓа на одмор на карипскиот остров Свети Вартоломеј.