Основно училиште во Канзас доживува вистински бејби-бум. Од 15 наставници, две се имаат поредено на 29 март, додека уште пет наставнички се во блажена состојба. Едната професорка очекува близнаци.
“Беше многу смешно. Прво беа само три трудни, па следеше четвртата, па петата, за на крајот бројот да се искачи на седум”, рече професорката од четвртиот клас, Тара Џонсон.
Кога седмата бремена наставничка и соопштила на директорката Ешли Милер дека е бремена, следело вистински шок.
„Седев на компјутер, кога ми ја соопшти веста, се свртев и ја прашав дали се шегуваш. После тоа, се разбира, ѝ честитав. Она што ни треба сега е спонзорството на некој производител на пелени”, се пожали Милер.
Од осум бебиња, три ќе бидат девојчиња и едно момче, додека на другото не му е познат полот. Бебињата треба да се родат помеѓу април и октомври оваа година.