На 32 години има докторат, но никој не сака да ја вработи. Се појави во емисијата кај Јована Јоксимовиќ која веднаш и понуди работа

Сопругата на Жељко Јоксимовиќ, водителката Јована Јоксимовиќ, имаше интересна гостинка во својата емисија.

Таа и беше домаќинка на Соња Пајиќ чија приказна го заинтригира регионот поради сличните бизарни ситуации што ги има во сите земји од поранешна Југославија. Имено, Соња дипломирала на 23 години Шпански јазик на Филолошкиот факултет во Белград, објавила неколку научни трудови, се усовршувала во Америка и Русија, работела на факултетот во Шпанија. Таа докторирала и денес има 32 години, а откако станала мајка решила да се врати во Србија. Но тука и започнуваат проблемите за неа.

ADVERTISEMENT

Имено, таа се пријавила за работа во едно основно училиште, но директорката и кажала дека не и треба докторантка, туку некој што сака да се усовршува. Но всушност таа не го добила местото затоа што веќе имале некој за тоа, ситуација која, за жал, многу често се случува и кај нас, во Македонија. Како што вели Соња, конкурсите во Србија се само формална работа, бидејќи обично веќе некој е примен, а конкурсот е чисто формално и за да биде сé според законот.

Поради ваквата состојба оние што сакаат навистина да работат, на некој начин се дисфалификувани, бидејќи секогаш најпрво се наоѓа лицето за одредена работа, а дури потоа се распишува конкурсот, вели таа (претпоставуваме дека ви е позната оваа ситуација, нели?). Таа неколку пати била одбиена на сличен начин, а потоа добила шанса да работи како лектор во Шпанија, но сепак решила да остане во Србија. Но тогаш одлучила и да сврти нова страна во животот, да се појави и да зборува за ова во медиумите.

Таа пред неколку години конкурирала и за асистент за шпански јазик на Филозофскиот факултет во Универзитетот во Нови Сад. Ги исполнувала сите услови, имала научни трудови, но била примена госпоѓа која студирала 20 години и во 45-тата започнала да работи како асистентка, додека Соња имала 28 години. Решила да го даде целиот случај на суд, процесот траел три години, по што таа докажала дека е во право, но во меѓувреме конкурсот поминал. И таа се уште е без работа, па Јована во еден момент ја праша:

Дали би работеле кај нас во нашата телевизија? Дали би ви претставувал проблем да патувате? Ќе провериме дали постои работно место кај нас да останете па по емисијата да останете и да се договориме, и кажа Јована, на што девојката и се заблагодари и кажа дека би била пресреќна ако би можела квалитетно да допринесе за компанијата.

Facebook Comments
(Visited 10.395 times, 1 visits today)