На улицата од бајките во Париз би можело да биде забрането фотографирање за на Инстаграм (фото)
Улицата „Rue Сremieux“ во Париз, која ја обожаваат истаграмџиите бидејќи на неа можат да се направат прекрасни фотографии, токму поради оваа причина може да се забрани фотографирањето.
Оваа улица има дури и профил на Истаграм, а луѓето најмногу ги привлекува шарените куќи и асфалтираниот пат што го прави особено „фотогеничен”.
Од стран на жителите на улицата „Rue Cremieux“ е испратено барање до Градскиот совет да стават врата на влезот на улицата која би се заклучувала за време на викендите. Најубавите фотографии од оваа улица се прават во моментите на зајдисонце, тогаш се добива идеална слика за Инстаграм.
„Седиме на масата за да јадеме, а потоа луѓето нè фотографираат пред куќата, раперите снимаат видео и тоа два часа веднаш под нашиот прозорец, или невестата и младоженецот забавуваат, фотографираат и викаат еден час”, вели еден од станарите на улицата за радио Франција Инфо.
https://www.instagram.com/p/BsYaffdgFWD/?utm_source=ig_embed
Блогерот Крис Мортон изјави за Би-Би-Си дека често туристите некулурно се однесуваат само за да имаат најдбора фотка на Истаграм.
Иако мисли дека објавувањето фотографии од патувањето во Истаграм навистина позитивно влијае врз луѓето и ги охрабрува да патуваат повеќе, секое непријатно и грубо однесување не го оправдува.
https://www.instagram.com/p/Bur0WmBASvd/?utm_source=ig_embed
„Нарушување на редот на приватни поседи, мешаници во прометот на улицата само заради совршена фотографија, едноставно не е во ред”, заклучи таа.
https://www.instagram.com/p/Bu4J8doh2pd/
https://www.instagram.com/p/BuElvNzFSWd/
https://www.instagram.com/p/BqbtKxEhx6j/