На ТВ Сител секогаш е насмеана и елегантно облечена, но испливаа фотографии со кои ги изненади сите
Водителката никого не оставија рамнодушен
Нашата позната водителка Елена Стојановска-Јанковска (43) често објавува фотографии на социјалните мрежи.
Елена важи за една од нашите најубави водителки, а колку добро изгледа можеме да видиме и од нејзините фотографии.
Кога е пред телевизиските камери и додека ја води својата утринска емисија таа е секогаш смерно и елегантно облечена, но затоа на социјалните мрежи понекогаш знае да се покаже и во поинакво светло.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Впрочем така беше и овој пат кога Елена објави неколку фотки од Сејшелите и предизвика големо внимание.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Тоа посебно важи за фотографиите на кои позира во костим за капење од кои најдобро можеме да видиме колку добро изгледа.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Имено, Елена е во совршена форма и изгледа витко и затегнато, а белиот костим и стои како на некоја манекенка.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Инаку, шармантната водителка пред само неколку дена на ова егзотично место го прослави и својот роденден.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Елена и тогаш објави фотки на кои е во костим за капење и со нив ја оправда титулата најубава водителка.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Следуваа бројни честитки од нејзините следбеници на социјалните мрежи кои во коментарите и посакаа да и се остварат сите желби.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Но она што сите ги изненади беше податокот дека оваа згодна и убава дама полни 43 години, а изгледа многу помладо.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Таа пред камерите секогаш е насмеана и со својот младоликост и позитивен дух важи за една од омилените водителки.
Нејзината харизма и насмевка е клучот за доброто расположение со кое што зрачи и го пренесува околу себе, а впрочем така изгледа и кога не е пред камерите, во што се уверивме и сега.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
И имајќи ги сите овие нејзини доблести повеќе од сигурни сме дека Елена има додворувачи на секој чекор, но таа веќе одамна е вљубена во својот сопруг Огнен како и првиот ден, па можеби затоа и љубоморно го крие далеку од очите на јавноста.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Плод на нивната голема љубов е нивната ќеркичка Илина која има 11 години, а Елена е најсреќна кога времето го минува со нив.
Фото: Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Впрочем тоа се гледа и од нејзините фотографии…