На скопскиот адвокат и Италијанецот Џанлука може да му завидува – погледнете каква убавица има покрај себе и како уживаат!
Со високите летни температури дојдоа и плажата и костимите за капење кои за многумина се рај за очи.
Секако посебно кога станува збор за згодната Аделина Тахири која со својот изглед не остава никого рамнодушен.
Аделина заедно со својот сопруг познатиот скопски адвокат Серијожа Марков одмораат на грчкото крајбрежје,во Ааспровалта, а според објавените фотографии се чини дека тој е најсреќниот маж на светот.
А како и не би бил кога крај себе има ваква убавица.
Скапи брендирани костими за капење, јахта и уживање „за сите пари“.
Аделина објави и фотографија на која таа седи во скутот на сопругот, а едно е јасно дека нема маж на планетава кој не му завиди во тој момент.
Аделина важи за една од оние кои живеат и го обожаваат луксузот и брендираната облека.
Често може да се види во брендирана облека, скапоцен накит, луксузни автомобили и скапи чанти.
Впрочем тоа можевме да го видиме и од едно издание каде пејачката носи не една туку две скапоцени женски чанти.
Покрај чантите од познатиот моден бренд, таа носеше и панталони и маичка од Луј Витон, кои исто така ретко која може да си ги дозволи.
Шармантната пејачката целото издание го заокружи со уште еден детаљ за кој исто така не жали пари.
Во прашање се стејтмент сандали со високи потпетици од познат светски бренд кои исто така чинат цело богатство.
Атрактивната албанска пејачка често позира во провокативни изданија, а нејзините фанови со воодушевување коментираат и ја лајкуваат секоја нејзина објава.
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири
Фото: Инстаграм/ Аделина Тахири