На скандалите и бруката не им се гледа крајот – ново видео со Карлеуша и Врањеш, нејзиниот сопруг меѓу првите што го видел (видео)
Фудбалерот Душко Тошиќ, наводно, имал намера да и го прости неверството на Јелена Карлеуша, но тогаш, според српските медиуми, добил видео на кое јасно се гледа како неговата сопруга води љубов со Огњен Врањеш.
Како што пишува српскиот весник Курир, според извор близок до парот, на Душко неодамна по анонимна пошта му пристигнало домашно видео во кое главни актери се Јелена и Огњен. Во истиот тој момент избувнал, па веднаш и се јавил на Јелена. Побарал развод од неа, велејќи дека повеќе никакви изговори не го интересираат, пишува весникот.
Пејачката во меѓувреме отпатувала во Дубаи, од каде постојано објавува семејни фотографии. Од друга страна пак, медиумите и претходно објавија дека Карлеуша претрпела психички слом на снимањето на „Гранд ѕвезди“.
„Најпрво плачеше за време на разговорот, а потоа доживеа и психички слом пред сите. Никој не сфати во првиот момент што се случува, освен дека нејзиниот сопруг Душко е бесен. Дури подоцна се откри дека Тошиќ имал дебела причина на сиот глас да и вика на неговата сопруга. Имено, веднаш по избувнувањето на скандалот се појави информација дека покрај експлицитните фотографии постои и видео материјал со Карлеуша и Врањеш, но малкумина веруваа дека тоа е точно. За жал, Душко беше меѓу првите што се убеди во точноста на оваа информација, но исто така и на автентичноста на снимката”, вели изворот, а пренесе Курир.
Инаку, Карлеуша беше една од главните ѕвезди на доделувањето на наградите на „Music Award Ceremony“ во Белград. Таа добри признание за најдобра соработка за дуетската песна „Банкина”, заедно со Аца Лукас, а наградата и ја посвети на својата мајка, Дивна Карлеуша. Таа на доделувањето и настапи и ја претстави својата нова песна која веќе има милионски прегледи на Јутјуб.