Реклама
Вирално

На сила стапи новата уредба: Ако одите во маркет, банка или пазар без маска ќе заработите казна од 20 евра

Реклама

Според новата Уредба која од денеска стапува на сила предвидени се парични казни.

 

Маркетинг

Граѓаните од денеска доколку бидат забележани во затворени простории како банка, маркети во оваа група спаѓаат и пазарите поради недоволниот простор на оддалеченост ќе заработат казна од 20 евра.Ова е предвидено во членот 6 од новата уредба објавена во Службениот весник 107.

Воедно и фирмите кои нема на своите вработени да им обезбедат заштитна опрема ќе заработат казна од 2 000 евра .

Маркетинг

Денеска и во Шпанија почнува да важи задолжителното носење маски.

На туристите кои оваа сезона ќе сакаат летниот одмор да го поминат во некои од летувалиштата во Шпанија кога ќе заврши пандмијата, ќе им биде советувано да носат маски, а телесната температура ќе им биде проверувана кога ќе стигнат на аеродром или во некое од пристаништата, пренесуваат тамошните медиуми.

Владата на Канарските острови веќе предвидува и разгледува можни сценарија, а останатите места веројатно ќе го следат нивниот пример.

Канарските острови заедно со Тенерифе, островот Ланзароте и Големите Канари се автономни заедници кои се најмалку погодени од вирусот.

И Канарските и Балеарските острови кои ја вклучуваат и Мајорка, Ибица и Менорка ќе бидат први во редот за опуштање на мерките кои се на сила до 26 април.

Претставници на островот велат дека не сакаат да служат како експериметн и дека веќе размислуваат за тоа на кој начин животот да се врати во нормала и дека веројатно и натаму ќе советуваат социјално дистанцирање.

Претседателот на Канарските острови при состанокот со докторите од кризниот штаб најави деак работеле на протокол кој разгледува дека носењето маски и понатаму би било корисно, како и мерењето температура кај луѓе кои доаѓаат со авион или брод кога превозот ќе се стабилизира и ќе се врати во вообичаениот колосек.

Шпанската влада верува дека туристичките региони кои се помалку погодени од коронавирусот би можеле да отворат некои од островите за одмор како што се Ла Гомера и Фуертевентура и островот Канара порано од другите.

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button