Реклама
Вирално

На празникот Богојавление се случи чудо во Витлеем – верниците од цел свет ова ги остави без зборови

Бог се јави!

Реклама

На социјалните мрежи меѓу православните верници се шири видео на кое се гледа еден момент кој многу верници го нарекуваат чудо.

Имено, за време на молитвата, односно додека свештениците ја осветуваа водата за празникот Богојавление, на Патријархот му слета бел гулаб на митрата, пред сите присутни во црквата. Богојавление е денот на кој според христијанското предание св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, додека белиот гулаб во православието го преставува симболот на Светиот дух.

Видеото веднаш стана вирално и почна да се шири на социјалните мрежи, а многу верници овој настан го нарекуваат чудо.

Маркетинг

Принтскрин/ Фејсбук, Белград има душа

Според христијанското верување кога Јован Крстител го крштевал Исус Христос на реката Јордан, над него се отворило небото и слетал Светиот дух во вид на гулаб. И токму на вчерашниот ден, на празникот Богојавление (Водици), кој се одбележуваше низ целиот свет, а за кој обичај е верниците да пливаат во вода по Чесниот крст и да се поздравуваат со зборовите „Бог се јави“, во Витлеем, градот каде е роден Исус, се случи овој необичен настан.

Маркетинг

Принтскрин/ Фејсбук, Белград има душа

Принтскрин/ Фејсбук, Белград има душа

Принтскрин/ Фејсбук, Белград има душа

Како изгледаше ова чудо според православните верници што се случи во Витлеем кога белиот гулаб слета на митрата на Патријархот и тоа на зборовите „Дух Дух“, погледнете во видеото:

Принтскрин/ Фејсбук, Белград има душа

Потсетуваме, Витлеем е палестински град на Западниот Брег и се наоѓа во близина на Ерусалим. Градот е под палестинска управа и од Ерусалим е оддалечен околу 10-на километри, а најмногу е познат како родното место на Исус Христос, па во негова чест во градот е изградена базилика Раѓањето на Христос.

Еден од позначајните моменти во историјата на овој град е доаѓањето на византиската царица Елена.

Токму мајката на царот Константин е заслужна за почеток на изградба на базиликата, која денес во Витлеем е најважно за христијанскиот свет. Црквата е градена во период измеѓу 326 и 333 година, а подоцна откако била уништена, како и поголемиот дел од градот, обновена е по заслуга на царот Јустинијан Први, за да потоа низ годините градот повторно биде уништен од Персијците.

Базиликата „Раѓањето на Христос“ е изградена на местото на кое според верувањето е роден Исус, а каде најпрво римскиот цар Хадријан подигнал светилиште, посветено на богот Адонис, со цел да ги спречи христијаните да го посетуваат ова место. Исто така за време на многубоштвото во пештерите во кои што е роден Исус се организирале многу обреди, бидејќи тогаш луѓето во главно биле многубошци.

Но кога е прогласен Миланскиот едикт во 313 година, по заслуга на византискиот цар Константин Велики, положбата на христијаните полека но сигурно се менува. И византискиот цар и неговата мајка Елена почнуваат да градат црква во Витлеем, токму на местото на кое што е роден Исус Христос.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button