На полноќ небото се отвора, се замислуваат желби и тоа точно ТРИ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) утре е 24 февруари.
Утре е Прво и второ наоѓање на главата на св. Јован Крстител.
Од евангелската историја е познато дека Иродијада во една прилика ја побарала и ја добила отсечената глава на свети Јован Крстител. Неговата глава таа ја фрлила на буниште во дворецот на Ирод. Некоја си Јована, жена на управникот на домот на Ирод, ја зела главата оттаму и ја закопала на Маслиновата Гора.
Подоцна главата ја нашол некој Инокентиј, и тоа е првото наоѓање. Нејзиното второ наоѓање е во петтиот век, кога веќе трагата и била загубена. Главата била пренесена во Халкидон, а подоцна во Цариград.
Православните верници утре го одбележуваат денот кога е пронајдена глaвата на Свети Јован Крстител, а потоа била повторно закопанa во земја. Верниците овој празник го нарекуваат Прво и Второ наоѓање на главатa на Свети Јован Крстител.

фото пекселс
Денот на Свети Јован Крстител се слави неколку пати годишно. Тој е познат како голем проповедник кој го најавил доаѓањето на Исус Христос и кој бил маченик за својата вера.
Се верува дека небото се отвора три пати на полноќ, па мpтвите дyши лесно влегуваат во рајот, а кој ќе почека до полноќ и ќе замисли три желби, ќе му се исполнат.




