На познат шминкер му украле шминки во вредност од 2.5 милиони долари

ADVERTISEMENT

Една од најплатените ѕвезди на Јутјуб, шминкер и сопственикот на истоимениот бренд, Џефри Стар, стана жртва на невообичаена кражба.

Имено, токму на 1-ви април, Џефри објави на неговиот профил на Твитер дека ја поминал ноќта во разговор со агентите од ФБИ  заеднички да ги побараат препордавачите на шминка на црниот пазар. И бидејќи оваа вест навистина звучи како лоша првоаприлска шега, повеќето обожаватели не му веруваа. Сепак, тој не се шегуваше.

ADVERTISEMENT

На неговиот канал на Јутјуб, тој објави дека некој украл голема количина шминкарски производи од неговата колекција „Magic Star “, во вредност од фрапантни 2,5 милиони долари.

 

Како што објасни во своето видео познатиот шминкер, новата колекција беше објавена пред две недели и токму тоа беше причината да стане мета на крадците.

ADVERTISEMENT

„Таа вечер, околу еден часот наутро, беше обиен еден од моите магацини и беше украдена шминка која има вредност повеќе од 2,5 милиони долари. Ова е најголемата кражба што некогаш ми се случила”, изјави тој, додавајќи дека бил сѐ уште шокиран од непријатниот настан што му се случил.

Џефри е убеден дека во прашање е „тим на луѓе”, кои имале свој сопствен човек, инсајдер, кој некогаш бил вработен во неговиот магацин. Затоа тој се сврте кон ФБИ за помош, и е убеден дека ќе ги пронајде крадците. Тој откри дека полицијата веќе знае  едно лице кое е поврзано со оваа кражба.

Инаку, Џефри важи за еден од најскапоцените и најплатените мажи во светот на убавината. Стана познат во времето на Мајспејс, а подоцна го отвори каналот на Јутјуб, каде што денес го следат неколку милиони фанови од целиот свет.

Секако, тој е активен и на бројни други социјални мрежи, со посебен акцент на Инстаграм, каде што неговата работа е проследена со неверојатни 12,2 милиони луѓе. Но, тој не заработува само од социјалните мрежи, туку и од продажбата на производи од сопствен бренд, а неговото богатство се проценува на околу 50 милиони долари.

Facebook Comments
(Visited 327 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT