На позната турска актерка мажот и се заканува со развод – ја сака „несовршена“ и не и дозволува да го направи ова
Познатата турска актерка Седа Бакан (35) имаше интересно гостување во емисијата на турскиот актер Ибрахим Селим (41).
Седа и Ибрахим во емисијата меѓу другото зборуваа и за естетските операции, а Седа откри дека сакала да го коригира носот, но тоа не и го дозволил нејзиниот сопруг, 36 годишниот познат турски музичар Али Ерел.
Шармантната актерка отворено зборуваше на оваа тема со познатиот водител и призна дека ја поддржува естетската хирургија, но и сите жени што решиле да направат промена на своето тело. Таа додаде и дека се уште нема појдено „под нож“ иако отсекогаш сакала да го коригира својот нос. Но очигледно дека нема ништо да се случи со оваа нејзина желба.
Како што самата изјави, нејзиниот сопруг се противи на тоа. Тој е толку против естетските корекции што и се заканил и со развод во случај ако реши да го коригира носот или било кој друг дел од телото.
„По се изгледа дека сум му најубава несовршена“, заклучи актерката.
Инаку, Седа и Али се венчаа пред шест години во Анкара и се родители на едногодишната ќеркичка Лејла.
Актерката во серијата „Научи ме да сакам“ ја глумеше Лејла, разведена мајка на мало момче која мораше да живее во родителски дом.