Реклама
Наши ѕвезди

На познатата фолкерка и се слоши кога го споменаа нејзиниот сопругот

Реклама

На сите им е добро позната бopбата на фолк-пејачката за старателството над нејзините деца, но ситуацијата станува уште потешка за неа.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Семејната трагедија на пејачката Тања Савиќ веќе со месеци ја интригира јавноста. Како што е веќе познато нејзиниот сопруг уште за велигден ги однесе нивните малолетни деца во Австралија и пејачката од тогаш ги нема видено, а судејќи според нејзината исповест, нивниот татко и неговите родители не дозволуваат да се слушне со нив ни преку телефон.

Од тогаш започнува и макотрпната борба на пејачката за старателството, која веќе еднаш беше пред австралиските судови, но заради ситуацијата со пандемијата, целата работа дополнително се искомплицира.

Маркетинг

Таа во емисијата „ИДи-џеј-хот Специјал” до најмал детаљ зборуваше за агонијата низ која што поминува и за некои работи кои досега не беа познати за пошироката јавност. За време на разговорот во студиото неколку пати нагласи дека и е лошо и дека почнува да се вознемирува кога зборува за својот поранешен сопруг, а во еден момент се пожали дека ја стегаат градите. Таа замоли за кратка пауза и го напушти студиото, видно вознемирена од она што и се случува.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

„Морам да направам пауза, ви велам ова е страшно, не можам повеќе да зборувам за него“, изјави таа пред камерите.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Инаку, неодамна се огласи и нејзиниот сопруг, Душан, кој го негираше сето она што пејачката го има изнесено во медиумите.

„Децата и јас ќе имаме шанси да кажеме се’ пред судот и да докажеме како не оставаше низ годините. Децата ги оставаше сами во станот кога беа мали, додека се уште не знаеја да одат. Тоа сето е пријавено во полиција. Постојано ни правеше зло и не малтретираше психички. Нека се заколне пред судот и пред Господ дека тоа не е вистина. Во полицијата се сите докази. Таа и децата ги тeпaшe. Ѓорѓе еднаш замина на училиште со модринка на лицето бидејќи Тања го гризна. Школото тоа го пријави во полиција, а Тања мораше да оди да разговара за тоа. А вели дека јас сум виновен. Нека се заколне дека ова не е вистина. Знае само да лаже за мене. Во емисијата кај Сања раскажа 90 отсто лаги и 10 отсто вистина. Тоа што лажеше го правеше за маркетинг и за новата песна“, раскажа нејзиниот се уште венчан сопруг и го шокиpaше сите.

Фото: Принтскрин/ Тања Савиќ

Неговата приказна е сосема поинаква и за сега никој не може со сигурност да каже кој од нив двајцата ја зборува вистината. Но едно е и повеќе од сигурно, а тоа е дека популарната пејачка поминува низ голгота и дека на нејзините проблеми во овој момент не им се гледа крајот.

Фото: Принтскрин/ Тања Савиќ

Искрено се надеваме дека ќе успеат да најдат заеднички јазик, за доброто на децата, и дека ќе стават крај на оваа семејна драма која веќе добива епски размери.

Фото: Принтскрин/ Тања Савиќ
Фото: Принтскрин/ Тања Савиќ
Фото: Принтскрин/ Тања Савиќ
Фото: Принтскрин/ Тања Савиќ
Фото: Принтскрин/ Тања Савиќ
Фото: Принтскрин/ Тања Савиќ
Фото: Принтскрин/ Тања Савиќ
Фото: Принтскрин/ Тања Савиќ
Фото: Принтскрин/ Тања Савиќ
Фото: Принтскрин/ Тања Савиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button