На повеќето Македонки им се крева косата од ваква облека – но Сека ја обожава и изгледа одлично
Со овој тренд можете да изгледате гламурозно, атрактивно и моќно, но многу лесно можете да погрешите со него.
Сека Алексиќ на својот Инстаграм профил редовно објавува фотографии со модни комбинации, а овој пат реши да си поигра со трендот кој можеби не им е омилен на сите, но кој дефинитивно привлекува внимание. Во прашање е животински леопард дезен со кој мора да се биде особено внимателен бидејќи во спротивно можете да предизвикате контраефект и да изгледате евтино и вулгарно. Но на пејачката и овој пат и успеа да изгледа атрактивно, елегантно и луксузно, а тоа всушност ви е и наградата доколку направите успешна комбинација со овој дезен. Таа нејзините здолниште го носеше со едноставна црна ролка и салонки во иста боја.
https://www.instagram.com/p/Bfg0Dj-F1QT/?taken-by=seka_aleksic
Инаку, кога станува збор за овој моќен дезен клучот се крие во едноставноста, а познатата пејачка очигледно ја знае тајната и го прави тоа одлично.
Па, дали ви се допаѓаат овие две изданија на Сека?