Еве зошто студеното време не е добро за нас.
Новиот коронавирус е најактивен на температури околу четири Целзиусови степени, додека тој исчезнува на 70 степени за околу пет минути, според студијата на научниците од Универзитетот во Хонг Конг, пренесува Итар тас.
На четири степени, вирусот може да живее скоро две недели, додека на температура од 70 тој исчезнува за пет минути, според медицинската студија објавена на medrxiv.org.
На температура од 22 степени короната е активна седум дена, на 37 степени не повеќе од два дена, додека на температура од 56 степени може да живее 30 минути.
Научниците исто така ја испитале одржливоста на вирусот на различни површини, а откриено е дека останува на површината на медицинската маска една недела, на собна температура и влажност од 65 проценти.
На хартија, вирусот опстојува помалку од три часа, за дрво и материјал не повеќе од два дена, на стакло помалку од четири дена, додека за челик и пластика останува една недела.