Реклама
LIFESTYLEВирално

На оваа жена треба да и ја ампутираат ногата – таа дава 3000 фунти да и направат чанта од неа

Реклама

Никому не му е лесно да се прифати дека ќе изгуби дел од телото, а една жена одлучи да ја зачува ампутираната нога на навистина бизарен начин.

Имено, 55 годишната Џоан од Манчестер кога сфатила дека нејзината ампутирана нога ќе заврши во медицински отпад, била шокирана па одлучила од неа да направи чанта. Таа побарала помош на веб-страницата sewport.com каде што луѓето бараат експерти кои ќе ги изработат нивните уникатни предмети што сами ги дизајнирале.

Маркетинг

„Најверојатно мојата нога наскоро ќе биде ампутирана и неодамна прочитав дека овие делови од телотот ги фрлаат во медицински отпад и таму скапуват.Јас не сакам ова на мене да ми се случи. Па така размислувајќи сфатив дека најскапите предмети се изработени од кожа на животни па така и јас решив од мојата кожа да направам нешто убаво и уникатно “, пишува Џоан од Манчестер.

Маркетинг

Таа вели дека е спремна да даде 3.000 фунти за цртежот на кој се гледа дизајнот на чантата.

Фото: sewport

„Мислам дека чантата е најлогичен избор. Мојата кожа е во прашање, па зошто да не? Сфаќам дека ова е малку чудно и одвратно, и дека некои ќе мислат дека сум луда, но тоа е мојата нога и не можам да ја прифатам идејта дека таа ќе заврши во ѓубре.Таа е дел од мене и сакам да ја задржам “, заклучи таа во своето барање за оваа бизарна идеја.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button