На неговиот 107 роденден му јавија дека оздравел и успеал да го победи коро навирусот – цело семејство плаче од среќа!
Рудолф Хајдер го преживеал шпанскиот грип, Големата светска економска криза, Втората светска војна и на неговиот 107 роденден официјално го прележа и оздрави и од коро навирусот.
По две недели во изолација, тој веќе немаше никакви симптоми, па лекарите ги пренесоа среќните вест до неговото семејството. На Рудолф му беше дозволено да ја напушти куќата и да се движи слободно.
Неговиот внук Метју Хајдер рече дека тој и неговата сопруга Џенет неодамна добиле внук, но претходниот месец го поминале молејќи се за здравјето на Рудолф, иако знаеле дека шансите за негово закрепнување се мали. Кога лекарите им рекле дека дедото оздравел, не можеле да ги задржат солзите радосници, пренесува „Дејли меил“.
„Тој имаше висока температура и велеше дека сака неговиот живот да згасне“, изјави Џенет за „11Alive“.
Метју откри дека тајната на издржливоста на неговиот дедо е неговиот позитивен дух.
„Неговиот ум постојано е активен“, додаде тој.
Рудолф се смета за најстара личност до денес што го победил коронавирусот.
Прилепчанката Елена е најстарата Македонка излекувана од Ковид-19
Во Македонија најстариот пациент кој е излекуван од корна вирусот е 85 годишната прилепчанка Елена Макалоска. Таа по 21 ден хоспитализиација во прилепското инфективно одделение беше пуштена дома, откако претходно беше беше донесена во исклучително лоша состојба со многу потешкотии при дишењето, тешка пнеумонија и слаба крв.
Заедно со неа била хоспитализирана и нејзината ќерка која и таа била заразена со Ковид 19. Таа успеала побрзо да оздрави, но сепак останала во инфективното одделение за да и помага на својата мајка.
„Процесот на нејзиното лекување течеше бавно за разлика од лекувањето на некои помлади пациенти. Неколку дена имавме една терапија која не ни одеше како што треба, побавно, немаше некое подобрување на ренгенскиот наод на белите дробови и мораше да смениме друга антибиотска терапија со поширок спектар и да дадеме и антикоагулантна терапија која исто така многу помогна.“
„Поради слабата крв во два наврати дадовме деплазмирани еритроцити, се разбира во телефонска консултација со интернистите. Таа се чувствува сега добро веќе една недела нема температура, добивме два негатиивнии бриса за Ковид 19, крвните анализи се подобри, така што за дома дадовме само краткотрајна антибиотка терапија, витаминска терапија“, истакна при пуштањето на пациентката д-р Мирјана Крстеска, од инфективното одделение во Прилеп.
Лекарите од инфективното одделение во Прилеп велат дека се горди и радосни што успеале да и го спасат животот на нивната 85 годишна сограѓанка. Секој спасен живот им претставувал мотив плус да продолжат беспоштедно да се борат за здравјето на пациентите, пренесе телевизија Сител.
„Самата бабиичка рече дека доколку останам жива сакам да ме кажите да Фејсбук. Така да тоа ни беше мотив ова да го објавиме. Можеби не е соодветен зборот горди, но се чувствуваме среќни што успеавме да ја излечиме бабата од тешката ситуација. Во целата оваа работа што не мотивира е секој излечен пациент и тоа ни дава сила да продолжиме понатаму“, додаде д-р Крстеска.