На Македонката во „Ѕвездите на Гранд“ ѝ се случи нешто НЕВИДЕНО: „Ова се раѓа еднаш во 40 години“
Излезе на сцената и со еден детаљ никого не остави рамнодушен
Славица Ангелова во последната емисија „Ѕвездите на Гранд“ се натпреваруваше во дуел со Белорусинката Ксенија Тану.
Најинтересно беше тоа што и натпреварувачката од Македонија, Славица, која е од тимот на рокерот Ѓорѓе Давид, и Ксенија, од тимот на Марија Шерифовиќ, настапија со иста песна од „Парни Ваљак“.
Нивниот пристап кон хитот „Угаси ме“ беше различен, но и двете направија спектакл и освоија максимален број гласови.
Но и покрај тоа што ги освоија сите гласови, заради изедначениот резултат и правилата, мораше да има прегласување.
Па така Белорусинката, која освои четири гласови, премина директно во следниот круг, додека Славица, која освои гласови од Цеца и Вики, мораше да почека да поминат неколку парови, па дури откако петмина од нив заминаа во бараж, таа се префрли во следниот круг.
Сметам дека и двете треба директно да поминат во следниот круг, но правилата налагаат поинаку. Знаев дека исходот ќе биде ваков, искрено ви кажувам. И двете бевте феноменални и ви честитам од сé срце, изјави Цеца, алудирајќи на тоа дека вакво нешто досега се нема случено во популарното музичко шоу.
Потоа позитивен коментар даде и Вики Миљковиќ, која не криеше дека е воодушевена и од нивните стајлинзи.
„Изгледате како на светска сцена. Подеднакво сте добри, но кај кандидатката број два посебно ми се допадна првата песна“, заклучи Вики.
„Имаш некој нерв, толку си мала, како џебна Венера, а такви пејачки се раѓаат еднаш во четириесет години“, истакна Ѓорѓе за својата кандидатка фалејќи ја нејзината позитивна енергија на сцената.
Инаку, Славица овој пат настапи во црни панталони и „кроп топ“, но и со еден детаљ со кој никого не остави рамнодушен.
Имено, таа на рацете носеше интересен моден детаљ направен од бели пердуви со кои остави посебен естетски впечаток.
Таа изгледаше занесно во панталоните со лежерен крој и црниот „кроп топ“ кои ги заокружи со раскошниот детаљ од пердуви, така што целата комбинација ја доведе на едно повисоко ниво.
Талентираната струмичанка и овој пат воодушеви со својот моден избор, а изгледа истото мислење го делат и нејзините фанови.
„Фантастична“, „Браво за креацијата“, „Преубава“, „Прекрасна“, беа само некои од коментарите што Славица ги доби на социјалните мрежи под објавените фотографии на кои позираше во ова свое издание.