На Инстаграм се фалеше со луксузот: 30 дена притвор за Боки 13, осомничен за изнуда на 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА и перење пари

Нови апсења беа причина за интересот на сите нас…

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, синоќа од Основниот кривичен суд во Скопје бил спроведен во затворот во Шуто Оризари, по определената мерка притвор од 30 дена како осомничен во истрагата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Додека јавниот обвинител Вилма Рускоска на новинарите им дава изјава за сите обвинети се појави Бојан Јовановски со јакна преку рацете, исто како што пристигна во судот,и замина на отслужување мерката притвор.Боки 13 вчера со уште тројца пријатели за малку ќе избегал од државава. Тој бил лоциран кај Гевгелија, како со голема брзина вози џип кон граница каде и конечно бил сопрен, а со него биле уште двајца негови пријатели.

ADVERTISEMENT

Тој  бил следен долго време од страна на истражните органи, а во обидот да избега бил лоциран според базната станица во близина на Гевгелија и запрен на пасошка контрола на граничниот премин „Богородица. Во неговата торба биле пронајдени 5000 евра во кеш.Меѓувреме Боки 13 на Инстаграм се фалеше со луксузниот живот и често поставуваше фотографии и видеа на кои носи најскапи модни брендови и живее „на висока нога“…

Facebook Comments
(Visited 4.112 times, 1 visits today)