Русинката Јулија Висоцкаја загина откако мобилниот телефон и падна во кадата полна со вода, пишува „Independent“
Четиринаесетгодишната девојка наводно сакала телефонот да го извади од полначот, но во тој момент и се испуштил од рацете во водата и предизвикал струен удар што веднаш ја убил. Како причина за смртта се наведува давење што се случило по електричниот шок.
Родителите на 14-годишната девојка веднаш повикале брза помош која можеше да востанови само смрт.
Ова е веќе трет ваков случај со ваква трагедија во Русија. Иако постојано се предупредува дека мобилните телефони не треба да се користат во кадата, три девојки страдаа на ист начин. На Инстаграм фотографиите направени во када се вистински хит, а и многу светски блогери вложуваат многу напор за да ги направат овие фотографии да изгледаат добро.
Во последниве години, се повеќе смртни случаи се случуваат поради обиди за фотографирање на Инстаграм, а особено несреќи се случуваат поради селфи фотографии со кои луѓето сакаат да ги фасцинираат пријателите.