На Брена и кажувале дека е голема како трафостаница – ослабна 25 КИЛОГРАМИ, а нејзината тајна се крие во оваа храна
Тајната за витката линија!
Исхраната на Лепа Брена буквално направи револуција во нејзината кариера.
Како што велеше пејачката, многумина и замерија за нејзината тежина, на почетокот на кариерата, а некои дури и ја коментираа на несоодветен начин.
Пејачката, пак, без да погледне назад во коментарите, сфати дека и треба промена, а за да ослабе дури 25 килограми, ова мени и помогна.
Пејачката еднаш откри дека вишокот тежина на почетокот на нејзината кариера и создаде многу проблеми.
Меѓутоа, во моментот кога дефинитивно одлучи да ослабе, почна да го практикува менито, на кое се држи и денес за да остане во топ форма сите овие години.
Исхраната на Лепа Брена и помогна да ја доведе својата тежина до идеалните 67 килограми од 89, а менито што го практикува оттогаш изгледа вака:
Појадок: Мусли од овесна каша, бадеми и свежо овошје, Ручек: Риба на скара и зеленчук на пареа, Вечера: Колаче, супа или голема чинија со младо сирење
Појадок: Салата и 2 варени јајца, Ручек: Чинија од чорба од зеленчук, 200 гр риба на скара, салата од свеж зеленчук, по избор, Вечера: салата
Пејачката потоа откри дека се држи до рутина што вклучува физичка активност, со цел да се одржи рамнотежата на телото и умот:
– Секое утро кога станувам, вежбам јога. Без разлика колку години имам, важно е да јадете помалку, бидејќи тогаш се чувствувате подобро. Сакам да јадам слатки и некои хамбургери, пица, но се трудам да не претерувам – искрено изјави таа за „Блиц“.
КАРИЕРА
Да се потсетиме а почетоците на Лепа Брена, поради финансиски причини, Брена го напуштила студирањето по една година и се вратила во Брчко, каде почнала да пее за хонорари во домот на култура „Васа Пелагиќ“.
Во тоа време новосадската музичка група „Лира шоу“, на чело со Саша Поповиќ, распишале конкурс дека бараат пејачка, и се договориле со Брена да работат заедно. На 5 април 1980 година, и покрај противењето на татко ѝ, Брена заминала со воз во Бачка Паланка, каде имала договорен настап. а првиот настап со групата бил по еден месец, на 6 мај, во хотелот „Турист“.
По две години, групата „Лира шоу“ во 1982 година добиле постојан ангажман во хотелот „Парк“ во Нови Сад. Есента 1981 година, групата била ангажирана во Белград, каде Брена снимила ЛП со десет нумери.
Таа година, групата го сменила името во „Слатки грех“. Милован Илиќ Минимакс добил снимка од настап на Брена, и во својата емисија Претежно ведро го пуштил со духовити коментари, и ја нарекол лепа.
Во 1983 година, го снима својот втор албум, каде се појавиле песни што станале хитови. Се натпреварувала за југословенскиот избор за Евровизија, а брзо потоа Рака Ѓокиќ станал менаџер и извршен продуцент на групата.
Следела првата голема турнеја низ Југославија, 17 концерти во Сава центар, снимање на филмови, како и освојување на „ОСкар на популарноста“. Во 1984 година учествувале на свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Сараево, и оствариле серија на концерти низ Европа, САД, Канада и Австралија.
Лепа Брена пред неколку дена имаше настап во Топ Хил каде атмосфрата по фотографиите кои таа ги објави била брилијантна.
Погледнете како изгедал настапот на најдобрата пејачка на Балканот:
ФОТО: Лепа Брена / Инстаграм
ФОТО: Лепа Брена / Инстаграм
ФОТО: Лепа Брена / Инстаграм
ФОТО: Лепа Брена / Инстаграм
ФОТО: Лепа Брена / Инстаграм
ФОТО: Лепа Брена / Инстаграм
ФОТО: Лепа Брена / Инстаграм