На Боки 13 состојбата му се влошува – се уште има големи болки заради неуспешните операции за стеснување на желудникот

Боки од 15 јули се наоѓа во истражниот затвор во Скопје. Тој досега 55 пати е носен на испитување и од ден на ден неговата состојба се влошува заради што деновиве изјави дека се чувствува како експериментален глушец и ги замоли судиите да не си играат со неговото здравје.

Фото: Принтскрин

Бојан Јовановски попознат како Боки 13 е првоосомничен во случајот „Рекет“ кој се уште ја тресе нашата земја.

Според зборовите на неговиот адвокат Сашо Дуковски, кој неодамна се обрати до медиумите, Јовановски воопшто не се чувствува добро и има силни болки заради операциите што не биле успешни. Имено, Боки неодамна има направено операција на желудникот заради намалување на тежината, па заради компликации цело време повраќа додека се наоѓа во притворското одделение. Заради ова Јовановски се сомнева дека против него се води тивка ликвидaциja, изјави самиот тој на вчерашното рочиште.

Боки заедно со останатите обвинети во случајот се осомничени за изнуда на 1.5 милиони евра од Јордан Камчев кој важи за еден од најбогатите бизнисмени.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Инаку, обвинетиот Бојан Јовановски се наоѓа во притвор повеќе шест месеци и досега е однесен на преглед преку 60 пати. Според одбраната ова е тортура и ја претвора мерката притвор во казна. Ова го наведе одбраната на обвинетиот Јовановски, образложувајќи ја пред Апелацискиот суд Скопје, жалбата по продолжената мерка притвор по точка 1, опасност од бегство. Бранителот на Бојан Јовановски, адвокат Сашо Дуковски, реагираше на, како што тој самиот наведе, несериозноста на судиите во предметот.

„Не е функција на судиите да одредуваат степен на кривична одговорност во постапка. Тие веќе го осудија. Кривичниот совет веќе си зема за право да одлучува за степен на одговорност“, изјави Дуковски за медиумите.

На Боки состојбата му се влошува

Посочи дека имаат нееднаквост на оружјата, со оглед дека веќе две рочишта по ред се одложуваат поради болест на адвокати на Катица Јанева.

– Како да подготвам одбрана со болен. Обвинетиот Бојан Јовановски се наоѓа во притвор шест месеци и е однесен на преглед 60 пати, изјави Дуковски. Тој исто така посочи и нов медицински извештај од 14 јануари 2020 година од субспецијалист во кој абдоменалниот хирург предлага операција веднаш и вели строг хигиено-диететски режим со оглед на проблемите.

Посочи дека не може најмалку десет лекари и субспецијалисти да ги констатираат истите работи и бараат строг хигиено-диететски режим и операција, а обвинителството да бара продолжување на мерка притвор.

Принтскрин/ Јутјуб

– Тоа е тортура и ја претвора мерката притвор во казна, изјави Дуковски. Од друга страна, Боки по завршувањето на последното рочиште за случајот „Рекет“, ѝ укажа на судијката дека нема да се појави на закажаната интервенција на 4 февруари. Тој објасни дека не се прифаќа ниту еден наод за неговата лоша здравствена состојба.

Исто така додаде неговото семејство веќе не е во можност да му доставува храна во притворот и дека тој нема да ја консумира затворската храна.

Јовановски најави дека ќе бара и меѓународна докторска потврда за неговата лоша здравствена состојба.

„Моето здравје и живот ги ставам во прв план, но други одлучуваат за мене. Против мене се води тивка и стихијна ликвидaциja“, рече Јовановски.

Тој се пожали и дека неговата состојба се влошува и оти мора да биде хоспитализиран. Тој нагласи дека се чувствува маргинализиран. Тој вели дека бил пред состојба на малигнитет, a обвинителката не ги прифаќа наодите на специјалистите за да каже дека е во добра состојба.

„Вкупно 55 пати бев носен на испитувања. Не сум експериментален глушец. Ве молам да не си играте со моето здравје“, ѝ објасни Јовановски на судијката.

(Visited 289 times, 1 visits today)