Jaвноста се шокираше по ведна дека после десет години брак се разведуваат Огњен Амиџиќ и манекенката Данијела Димитровска.
фото принтскрин
Иако многумина мислеа дека можеби ќе патат еден за друг, но и двајцата најдоа утеха и започнаа нови љубовни врски.
фото принтскрин
Огњен извесно време беше сингл, а потоа започна романса со колешката Мина Наумовиќ која му ја врати насмевка на лицето и вербата во љубовта.
фото инстаграм/Мина Наумовиќ
Нивната љубовна врска е сериозна а за тоа зборува и фактот што четиринаесет години помладата новинарка веќе се вселила во станот на Амиџиќ.
фото инстаграм/Мина Наумовиќ
Освен што живеат и работат заедно, Огњен и Мина често патуваат заедно, а со следбениците на Инстаграм споделуваат фотографии од нивните патувања.
фото инстаграм/Мина Наумовиќ
Водителот неодамна на своите следбеници им откри дека би сакал наскоро повторно да се оствари во улога на татко.
фото инстаграм/Мина Наумовиќ
Имено, водителот бил прашан од еден од следбениците дали би сакал да добие ќерка, на што Огњен искрено одговорил.
фото инстаграм/Мина Наумовиќ
– Искрено, навистина, навистина би го сакал тоа, мислам дека тоа е нешто што навистина ми недостасува. Тоа целосно ќе ме израдува, и ќе внесе нова димензија – откри Амиџиќ, а пренесува Мондо.
фото инстаграм/Мина Наумовиќ
Инаку Огњен Амиџиќ веќе го има синот Матија, од бракот со Даниела а очигледно е дека посакува наскоро повторно да стане татко а со оваа изјава можеби и откри детали за иднината со Мина.
фото инстаграм/Мина Наумовиќ
Претходно Огњен за Мина изјави дека конечно нашол девојка која е идеална за него во секоја смисла, а посебно истакна дека покрај физичкиот изглед му се допаѓа и во деловна смисла и дека му одговара и како партнерка и како колешка.
фото инстаграм/Мина Наумовиќ
– Во врска сме, но нашиот договор е да ја чуваме приватноста за нас и да не зборуваме за тоа – рекол во една прилика Огњен, а потоа признал дека не бега од идејата повторно да се ожени бидејќи нема што да чека ако девојката е вистинската за него.