Најубавите фотографии од Богородичната црква во Париз (фото)

ADVERTISEMENT

Во париската катедрала Нотр Дам вчера попладне изби пожар кој го проголта комплетно кровот на импозантната градба стара 850 години.

Нотр Дам важи за најпознатата париска црква и е еден од главните споменици на раната готика во Франција. Таа е посветена на Пресвета Богородица Марија и е изградена на островот Île de la Cité на Сена

ADVERTISEMENT

Катедралата Нотр Дам е долга 128 метри, широка 48 метри, а нејзините кули се високи 69 метри. Главните карактеристики на катедралата се просторноста, рамнотежата на фасадата, елеганцијата на просторот и вредните стаклени прозорци од кои некои беа уништени во пожарот.

Внатрешноста на катедралата е богата со статуи, надгробни споменици и стар црковен мебел, а во својата ризница има бројни уметнички предмети.

ADVERTISEMENT

Нејзината изградба започнала во 1163 година и поголемиот дел бил завршен сто години подоцна.

Црквата целосно е завршена во 1345 година.

Најголема штета е нанесена за време на Француската револуција, кога се уништени и оштетени сликите и скулптурите во неа. За време на ослободувањето на Париз во Втората светска војна нејзината фасада во помала мера била оштетна од куршуми.

Во продолжение погледнете ги најубавите, а потоа и најстрашните фотографии од Богородичната црква во Париз.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Facebook Comments
(Visited 2.312 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT