Најубавата љубовна приказна на Балканот: „Не ни се потребни раце за да се прегрнуваме. Ние се прегрнуваме со срцето“

Ја неркуваат „девојката со крилјата“, заради познаваат силата на нејзиниот дух и упорност со која постигна да биде академски образована сликарка и со злато овенчана спортистка.

Фото: Инстаграм

ADVERTISEMENT

Суљо Керановиќ  од Босна и Херцеговина и Дејана Бачко од Србија се во врска од минатиот јуни, а нивната средба, како и се после тоа е вистинска бајка

Кога Дејана Бачко го освоила златниот медал на Светското паратаеквондо првенство додала уште еден бисер на спортскиот ѓердан на Србија, ги израдувала тренерот и клубот, а на едно момче срцето сакало да му скокне од градите. Суљо Керановиќ (23) бил толку возбуден и горд на својата магична девојка, пишува „Блиц.рс“.

– Додека чекав автобус со пријателката, видов едно момче кое гледаше во мене и забележав дека е личност со инвалидитет. Му пријдов, му пружив насмевка наместо рака. Дознав дека е од Сараево, дека е студент на мастер студии на Факултетот за политички науки во Сараево, дека посетува едногодишна академија „Шулер Хелфен Лебен“ и дека волонтира во четири организации. Се воодушевив кога рече дека тренира футсал, стони тенис, куглање и велосипедилизам, па веднаш го прашав дали би сакал да тренира таеквандо. Ми рече дека е во студентска размена и дека тоа е негов последен ден во Нови Сад. Разменивме телефонски броеви, отидовме секој на својата страна, а јас, признавам, бев малку тажна – раскажала Дејана. По четири месеци започнале да се допишуваат.

Поминале четири месеци пред Суљо да и пушти порака на Инстаграм. Некое време се допишувале, па тој одлучил да дојде во Нови Сад кај Дејана. Својата љубов и живот ја споделуваат на мрежата која ги поврза. Фотографиите кои ги објавуваат, полни со позитивна енергија, зрачат со среќа и младалачки занес.

„Не ни се потребни раце за да се прегрнуваме. Ние се прегрнуваме со срцето“, пишуваат тие во описот на неодолива заедничка фотографија.

Денес, тие заедно тренираат таеквондо, а Дејана го учи својот сакан и да слика.

Facebook Comments
(Visited 1.951 times, 1 visits today)