Нивната љубов беше актуелна и во светските медиуми бидејќи во тоа време и двајцата имаа други партнери покрај себе.
Познатите актери Халит Ергенч и Бергузар Корел кои ги памтиме по серијата „Илјада и една ноќ“, важат за омилен турски пар.Тие во серијата ги глумеа Онур и Шехерзад, а покрај талентот публиката ја освоија и со своите приватни животи.
Турските новинари шпекулираат актерката е видена на роденденот на блиска другарка каде се појавила заедно со сопругот, но постојано го криела стомакот со чантата. Сомнежот е дека бременоста е рана и дека двојката не сака уште да ја обелодени веста.
Имено, Халит и Бергузар се запознаа на снимањето на серијата пред 10 години и ги оставија дотогашните партнери.Тие заедно го имаат синот Али кој има девет години. Нивната фатална љубов беше топ тема и тоа не само во турските медиуми, туку во сите земји каде што беше популарна серијата.