Најубавата македонска водителка се coблeчe во кocтим за капење – ПРИРОДЕН шарм што блеска толку што може да ве oпиe!
Водителката од „Ја сакам Македонија“ реши да се опушти и да си ги наполни батериите.
Елена Стојановска Јанковска секојдневно ги воодушевува македонските гледачи покрај малите екрани. Таа важи за една од нашите најубави водителки која плени како со своето беспрекорно тело, така и со природниот шарм и убавина на кои никој не може да остане рамнодушен.
И без разлика дали е комплетно средена, нашминкана и дотерана или случајно ќе ја сретнете во малку поопуштено издание, во продавница или на улица, таа секогаш ги привлекува погледите.
И кога е во потполно природно издание таа можеби е и најубава, со насмевка и израз кој зрачи со позитивна енергија.
На својот Инстаграм профил Елена често знае да објави фотографија од своите модни комбинации, но овој пат позираше во костим за капење, во романтично издание, и ги воодушеви фановите на социјалните мрежи.
Таа позираше свртена со грбот, додека седеше покрај базенот, со нозете во водата, и покажа колку може да изгледа занесно и во едно вакво опуштено издание.
Инаку, Елена, во една пригода, за Гламур магазин ќе ја открие „тајната“ како ја одржува својата физичка линија.
„Немам некоја посебна тајна. Некако секогаш ги имам истите килограми. Не внимавам да не внесувам јаглехидрати, напротив мислам дека се важни. Не јадам месо и тоа не затоа што сум некој заколнат вегетаријанец туку дека не ми се допаѓа нешто посебно. Сакам риба, сакам овошје, зеленчук ама речиси секојдневно јадам и чоколадо. Сакам да пешачам и можеби тоа ми помага“, ни изјави таа тогаш и додаде:.
„Мислам дека важно е човек да е умерен во се’“.